Вечерва со почеток од 19.30 часот, во Public Room во Скопје ќе се одржи промоција на печатеното издание на графичкиот роман „Во Италија сите се мажи“ од Лука де Сантис и Сара Колаоне, во издание на „Бункер“.
Промотори на графичкиот роман ќе бидат проф. д-р Мирјана Најчевска и Џабир Дерала.
Графичкиот роман ја раскажува приказната за прогонот на хомосексуалците во времето на фашистичка Италија под Мусолини. Помеѓу 1938 и 1943 година, околу 300 хомосексуалци беа интернирани на еден остров во јужна Италија. Бидејќи не постоеше законска одредба со која би се оправдала ваквата мерка, одлуката беше спроведувана од страна на локалните полициски управи. На тој начин се се случувало во огромна дискреција: без судии, адвокати, новинари, далеку од очите на јавноста.
Насловот на романот е земен од една изјава на Мусолини. Според него во Италија немало
потреба од воведување закон против хомосексуалците, по теркот на нацистичка
Германија, затоа што во Италија нема хомосексуалци. Таму живеат само „вистински“
мажи.
Графичкиот роман ја освои наградата за најдобар стрип на годината на неаполскиот
Комик-кон во 2009 год. и е преведен на повеќе јазици. Македонското издание е прво
негово објавување во регионот.