ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска Бежовска: Домашната побарувачка, личната потрошувачка и инвестициите ќе го креираат растот на домашната економија

Таа посочи дека благодарение на добрите фискални и монетарни државни политики кои беа поставени во пред кризниот период, нашата земја релативно лесно ја преброди економската криза и не се соочи со страшни последици поради релативно малиот буџетски дефицит кој го имавме.

December 12, 2019 11:35
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Домашната економија идната година ќе има раст од 3,8 проценти, односно 4 отсто во 2021 и 2022 година, при што позитивен импулс врз растот и натаму се очекува од домашната побарувачка, натамошниот раст на личната потрошувачка и закрепнување на инвестициската активност, додека придонесот на нето-извозот се оценува како негативен. Ваквата динамика на раст беше очекувана и во априлскиот циклус проекции, а поголеми промени не се направени ниту кај очекуваните извори на растот“.

Ова го истакна Анита Ангеловска Бежовска, Гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија кој беше гостин на Меѓународниот Балкански Универзитет каде одржи предавање на тема „Кон одржлив раст – најновите макроекономски проекции за Република Северна Македонија“. Во своето предавање освен за проекциите за идниот период, Гувернерот зборуваше и за моделот на раст кој го следи нашата земја, како и земјите во регионот, во периодот пред и по економската криза, како и за најголемите предизвици со кои, во моментов се соочуваат земјите од регионот и Северна Македонија.

„Во периодот пред глобалната економска криза забележителен беше раст во целиот регион на Источна и Југоисточна Европа кој се должеше најмногу на структурните економски промени, односно трансформацијата од социјалистичка кон пазарно-ориентирана економија, трансформација која бараше да се вложи голем напор и голем труд. Покрај различните вредности на почетните точки на раст и различниот степен на промена на економиите на земјите, едно нешто беше заедничко, а тоа е забележително забрзан раст на економиите, особено во периодот од 2002 до 2007
година“, рече Ангеловска Бежовска.

Таа посочи дека благодарение на добрите фискални и монетарни државни политики кои беа поставени во пред кризниот период, нашата земја релативно лесно ја преброди економската криза и не се соочи со страшни последици поради релативно малиот буџетски дефицит кој го имавме. Позитивните економски движења на Република Северна Македонија во пост кризниот период највеќе се должат на реформите во бизнис секторот кои значително ги подобрија условите за директни странски инвестиции кои се од исклучителна важност за една економија, особено за малите економии како нашата.

Што се однесува до проекциите на Централната банка за идната година, Ангеловска Бежовска, ја пренесе оценката дека е можно да има забавување на економската активност следната година заради претстојните вонредни парламентарни избори, на што упатува искуството досега, но она што е карактеристично и вообичаено е дека ефектите од тоа се чувствуваат на пократок период.

Бежовска соопшти дека ризиците околу макроекономското сценарио се оценети како претежно надолни, што се однесува пред сѐ на надворешните ризици, во услови на понеповолен глобален амбиент и зголемена глобална неизвесност, предизвикана од растечките трговски тензии, неизвесниот процес на Брегзит, геополитичките ризици, променливоста на условите на финансиските пазари.

Next Post

ССК: Компаниите можат да исплаќаат и помал „К-15“ ако имаат финансиски тешкотии во работењето

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk