ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССК: Компаниите можат да исплаќаат и помал „К-15“ ако имаат финансиски тешкотии во работењето

Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците

December 12, 2019 11:43
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Компаниите можат да исплатат и помала сума за регрес за годишен одмор или т.н. К-15 од договорената со колективен договор доколку настанале тешкотии во нивното работење, потсетуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија, пренесе МИА.

Од Сојузот потенцираат дека компаниите како работодавачи треба да знаат дека со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор од 2015 година во членот 35 се додава дека работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со колективен договор.

-Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците. Компаниите кои не генерираат доволно профит не смее да се ставаат во ситуација да подигнуваат кредити или да бараат позајмици за да исплатат регрес, со што дополнително ќе си ја отежнат ликвидноста. Треба да се овозможи компаниите кои имаат тешка година да опстојат, а не дополнително да се оптоваруваат по секоја цена. Компаниите треба да знаат дека ја имаат оваа опција. Работодавачите го поддржуваат наградувањето на работниците бидејќи тоа е начин на подобрување на продуктивноста, но тоа не смее да биде на штета на финансиската стабилност на фирмата и причина за нејзина неодржливост, велат од ССК.

Со Општиот колективниот договор за приватен сектор од областа на стопанството во член 35 – се предвидува исплата на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од основицата за пресметка на плата која важи на денот на донесување на одлука за исплата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач.

-Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор и во поголем износ, а се исплатува еднаш во текот на годината. Тоа значи дека компаниите имаат обврска да исплатат само за оние вработени кои работеле кај  нив повеќе од шест месеци во календарската година, се вели во денешното соопштение од ССК.

Реакцијата на Сојузот, појаснуваат оттаму, е резултат на тоа што, како што посочуваат деновиве се појавиле невистинити информации во врска со ова прашање.

Next Post

В сабота ќе работат и градинките

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk