ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Прилеп: Хуманитарна акција „Подари со радост“ на „Епилепсија Македонија“

Од денеска до 17 декември, здружението „Епилепсија Македонија“  во Прилеп ќе ја спроведе хуманитарната акција „Подари со радост“. Во пет маркети во градот ќе бидат поставени кошнички во кои граѓаните при пазарувањето може да остават производи по желба кои ќе бидат наменети за социјално ранливите семејства

December 12, 2019 12:54
in РЕПУБЛИКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска до 17 декември, здружението „Епилепсија Македонија“  во Прилеп ќе ја спроведе хуманитарната акција „Подари со радост“. Во пет маркети во градот ќе бидат поставени кошнички во кои граѓаните при пазарувањето може да остават производи по желба кои ќе бидат наменети за социјално ранливите семејства, пренесе МИА.

Како што објаснува Дејан Бунески, претседател на здружението „Епилепсија Македонија“, хуманитарната акција е во пресрет на големиот христијански празник „Свети Никола“, кој е и патрон на градот. Акцијата се одржува втора година по ред.

– Хуманоста на граѓаните се покажа лани, а верувам така ќе биде и годинава. Сакаме да го доловиме тој хуман момент врзан за светецот -заштитиник на Прилеп, Свети Никола кој делел храна на изнемоштените, на болните и на сиромашните. Пожелно е, во акцијата што се спроведува во пет маркети („Бонита“, „Џими маркет“, „Мега“, „Шопе“ и „Форум“),  производите што ќе се оставаат во кошничката со логото на Здружението да бидат со подолготраен рок на употреба. Акцијата почнува денес и ќе трае до 17 декември кога ќе ги приготвиме пакетите за социјално ранливите семејства во пресрет на празникот „Свети Никола“ кога ќе им бидат поделени, рече Бунески.

Акцијата  се спроведува со поддршка на прилепската локална самоуправа и во соработка со Центарот за социјални работи.

– Во Прилепскиот регион, опфаќајќи ги и општините Долнени и Кривогаштани има околу 2.000 социјално загрозени семејства со постојана помош. Ваквите хумани акции секогаш ќе ги поддржуваме и ќе се вклучиме со пригоден пакет со прехранбени производи, вели Дејан Тошески, в.д. директор на Центарот за социјални работи, нагласувајќи дека од вторникот почна да функционира и канцеларијата на Центарот во селото Ропотово, општина Долнени, а до крјаот на месецов ќе почне да работи и во општина Кривогаштани.

Во рамки на акцијата „Подари со радост“ , во сабота на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, здружението „Епилепсија Македонија“  од 10 до 15 часот ќе постави штанд на кој граѓаните ќе може да донираат производи.

Од Здружението најавуваат дека ќе спроведуваат вакви иницијативи и на другите поголеми христијански празници. Лани,биле подарени големи пакети на 11 социјално загрозени семејства, без разлика дали имаат член во семејството со епилептични нарушувања.

Next Post

Манчевски: Ќе се укине софтверот „Балансер" кој одредуваше етничка припадност при вработување

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk