ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судењето за „Таргет-Тврдина“: Вкрстено се испрашува сведокот Марјан Јанкуловски

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

December 12, 2019 12:16
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со вкрстено испрашување на сведокот Марјан Јанкуловски, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“. Прашања врз основа на сведочењето поставуваше обвинетата Надица Николиќ, која од Јанкуловски, бараше потврда и согласност на одредени искази кои ги даде на минатото рочиште, меѓу кои и тоа околу надлежностите и пристапот до одредени таргети на обвинетата.

На почетокот на судењето обвинителката Ленче Ристовска, повикувајќи се на одредбите за испитување сведоци од ЗКП, побара од Судот да го отстранува едниот сведок додека другиот дава исказ, бидејќи, како што рече, досегашната пракса покажала оти во медиумите се изнесуваат детали од сведочењата кои се во спротивност од законот и да ги информира претставниците на медиумите за ваквата поставеност на кривичната постапка за да се избегнат ситуации каде со исказите на сослушани сведоците, пренесени преку медиумите, се влијае врз оние кои не се сослушани.

Обвинителката појасни дека не сака да се сфати дека сака да влијае на уредувачката политика на медиумот.

Судијата Џенета Бектовиќ рече дека законските одредби се јасни и предвидуваат јавно и транспарентно присуство на јавноста или целосно исклучување на јавноста.

– Вака поставеното барање на ЈО е нејасно и неразбирливо особено што се наметнува на Судот да влијае врз медиумите што е спротивно на начелото за транспарентност на постапката. Секој од сведоците е предупреден за лажно сведочење, истакна Бектовиќ по консултација со судијата Владимир Туфегчиќ и поротниците.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Next Post

Одрони на патот Скопје – Велес, сообраќајот по една коловозна лента

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk