ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев: Пуштен најголемиот ИПАРД проект во истoријата во Струга. За прв пат не враќаме пари туку ќе бараме повеќе од ЕУ

Денеска во Струга свечено беше пуштена во употреба фабриката „Подгорка“, за производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди. Фабриката доби највисока финансиска поддршка од  Мерката 3 - Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2 програмата, односно 2,2 милиони евра

December 13, 2019 15:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Струга свечено беше пуштена во употреба фабриката „Подгорка“, за производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди.
Фабриката доби највисока финансиска поддршка од  Мерката 3 – Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2 програмата, односно 2,2 милиони евра, известуваат од владиниот прес центар.

Сопственикот на компанијата Мевмед Џемајлоски, информираше дека компанијата во моментов вработува околу 50 лица од струшкиот регион, а со проширување на капацитетите на фабриката, планирани во 2020 и 2021 ќе се отворат места за уште 100 нови вработувања, со што како што подвлече, ќе се оствари дополнително раздвижување на локалната економија, преку користење на домашни добавувачи во процесот на производството.

Директорот на платежната агенција Николче Бабовски рече дека преку повици од ИПАРД  2 програмата, се склучени  1.355 договори  по сите мерки, со вкупна вредност од 31.5 милиони евра.

До овој момент, Република Северна Македонија, искористи 39,5 проценти од вкупно расположливите средства од  ИПАРД 2. До денеска, 814 договори се авторизирани и на сметките на апликантите се враќаат 12,4 милиони евра за целосно реализирани  инвестиции.

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски додаде дека се работи за објект чија изградба и опрема  се целосно во согласност со националните и ЕУ Стандардите за   безбедност на храна и квалитет на производите. Компанијата започнала со 30 вработени,  отворени се уште 25 работни места, а бројот на нови работни места се очекува да расте. Министерот Димковски подвлече дека ова е уште еден доказ дека земјава има институционален капацитет и знаење за реализација на големи проекти како оваа најмодерна капитална инвестиција во Струга, која што успеа со квалитетен проект да добие европски средства од ИПАРД II програмата. Инвестициите во преработувачки капацитети се важни не само за  модернизирање на земјоделството туку и за развојот на вкупната економија како и за зголемување на извозот на домашни производи.

Премиерот Зоран Заев истакна дека ваквите решителни инвестициски чекори на една домашна компанија, којашто успеа со квалитетен проект да добие средства од ИПАРД програмaта, се охрабрувачка и мотивирачка успешна приказна. Вреден пример што заслужува да се следи и да се учи од нејзините искуства за да поттикне и охрабри и други бизнис иницијативи.

Претседателот на Владата во своето обраќање рече дека денес се пушта најголемиот ИПАРД проект во историјата на Струга и за прв пат не враќаме пари туку бараме повеќе од ЕУ.

„Овој период големи усилби вложуваме во унапредувањето на регионалната соработка. Создаваме услови кои ќе овозможат 24 часовно работење на границите со царински контроли во една точка и за меѓусебно признавање на фитосанитарните контроли на производите што се движат низ регионот. На тој начин се обезбедува брз и безбеден транспорт на производите од регионот за да стигнат до пазарите во оптимално време за што во голема мерка ќе помогнат и брзите ленти за камионите“, истакна премиерот Заев.

На денешното отворање на фабриката „Подгорка“ присуствуваа и претставници од Европската Унија, кои ја посочија Северна Македонија како лидер во искористување на ИПАРД фондовите во регионот.

Next Post

До крајот на декември ќе бидат познати сите детали за инвертерите

НАЈНОВО

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

Албанија се опремува со напредно израелско оружје

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска сè поблиску до Оскар по двојната номинација на Cinema Eye Honors

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk