Анкета со домен www.rejting.mk се шири на социјалните мрежи. Станува збор за злоупотреба на Агенцијата Рејтинг. Никола Спасов, директорот на споменатата агенција на својот ФБ профил напиша дека нивниот домен е rating.mk .
„Активно се споделува онлајн анкета која е поставена на доменот www.rejting.mk кој асоцира на тоа дека ја спроведува мојата „Агенција Рејтинг“. Не станува збор за наша анкета и агенцијата не е поврзана со ова. Нашиот домен е www.rating.mk. Страната е регистрирана на Љупчо Ристевски кој е претседател на партијата „Интегра“. Не е чудо што партијата е трета во рејтингот. Според она што пишува на самиот сајт кој прави забуна, станува збор за интернет анкети кои се прават на случаен избор на испитаници (посетители на сајтот), а самите резултати не се репрезентативни.
И. З.