ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Одбележани 25 години од премиерата на „Пред дождот“

Денеска во Македонската академија на науките и уметностите, а во организација на Кинотеката на Република Северна Македонија, со поддршка на Вардар филм, беа одбележани 25 години од премиерата на „Пред дождот“, на Милчо Манчевски, најуспешниот и најзначајниот игран филм во македонската кинематографија

December 18, 2019 16:23
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Македонската академија на науките и уметностите, а во организација на Кинотеката на Република Северна Македонија, со поддршка на Вардар филм, беа одбележани 25 години од премиерата на „Пред дождот“, на Милчо Манчевски, најуспешниот и најзначајниот игран филм во македонската кинематографија.

Точно на пладне во свечената сала на МАНУ на гостите им се обрати првин академик Таки Фити, претседател на МАНУ, потоа директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов, видеообраќање имаше и проф. д-р Виктор Фридман, надворешен член на МАНУ. А свои темелни излагања за филмот презентираа и дописниот член на МАНУ проф. д-р Марјан Марковиќ, на тема „Македонскиот стандарден и дијалектен јазик во филмскиот опус на Милчо Манчевски“ и проф. д-р Славица Србиновска, на тема „Естетиката на гледната точка во нарацијата на Милчо Манчевски“.

Фити по овој убав повод рече:

„Пред дождот е едно од најголемите остварувања на македонската филмска уметност, кој му донесе бројни светски признанија на Манчевски, наедно и светска слава. Во ликот и делата на овој режисер напластена е огромна креативност, иновативност и визија, атрибути, кои по мое длабоко убедување ги поседуваат само големите творци и сите овие атрибути се агилно инкорпорирани во неговите дела. Тој влегува во редот на комплексни филмски уметници. Сиот негов авториски креативизам го прави со умешнст на ренесансен автор“.

Директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов, јавно се заблагодари што неодамна Милчо Манчевски им ги подарил 35-милиметарските копии од своите први четири филмови, меѓу кои и онаа на „Пред дождот“.

„За Кинотеката, како институција која главниот дел од своето постоење го оправдува со улогата на национален филмски архив, ова депонирање е од непроценливо значење. Затоа јавно му се заблагодарувам. Неговиот првенец се појави во период кога домашната кинематографија се освестуваше од долг период на дезориентираност и креативна безизлезност, во период на редефинирање и барање на сопствениот идентитет и модус операнди. Кога мораше да ги преброи и размести своите трупи, да ги пререди своите приоритети , да се потпре на сопствените сили пред сѐ, а потоа да почне одново да работи и соработува – рамноправно, одговорно и отчетливо – со други кинематографии, компетитивни пазари, продуцентски модели и финансиски извори. „Пред дождот“ беше и првата копродукција по осамостојувањето. Ја доби и првата голема меѓународна награда по осамостојувањето. Засега, венецискиот „Златен лав“ останува единствен и ненадминат. Но „Пред дождот“ и другите филмови на Манчевски не заминуваат во историјата. Напротив, на меѓународно ниво, на светските фестивали и филмски катедри, филмовите на Манчевски денес се задолжителна референца, училишна лекција, репер. Копии од филмовите постојано се бараат, кружат и разменуваат“.

Вечерва со почеток во 20 часот во киносалата на Кинотеката ќе биде прикажан „Пред дождот“, на 35-милиметарска копија, како и промоција на МАПА со репродукции од плакати на филмот од неговата светска дистрибуција.

На оваа вечерна средба, покрај проекцијата и промоцијата, по четврт век повторно ќе се собере и дел од екипата на филмот. По тој повод во Скопје допатува и актерот Раде Шербеџија, кој го толкуваше главниот лик во филмот (Александар Кирков).

„Пред дождот“ на Манчевски премиерно беше прикажан на 6 септември 1994 година на Филмскиот фестивал во Венеција (La Biennale di Venezia). На 12 септември Манчевски се закити со „Златниот лав“, а потоа нанижа триесетина награди на светската фестивалска мапа. Филмот освои и номинација за Оскар во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, станувајќи најнаградуван филм во историјата на македонската кинематографија. Сценариото е на Манчевски, кинематографер е Мануел Теран, монтажер Николас Гастер, а главните улоги ги толкуваат Раде Шербеџија, Грегоар Колан, Лабина Митевска, Кетрин Картлиџ, Јосиф Јосифовски, Кирил Ристоски…

„Њујорк тајмс“ го вклучи „Пред дождот“ (1994) во листата на 1000 најдобри филмови некогаш направени.

Next Post

Изгласан законот за промени во оданочување на моторните возила

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk