ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Жерновски : ЕУ нема луксуз да избира помеѓу реформи и проширувањето

Не е лесно да се продолжи, но нема алтернатива.

December 18, 2019 18:09
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ нема луксуз да избира помеѓу продлабочувањето и проширувањето, помеѓу внатрешните реформи и проширувањето и мора да направи се двата процеси да продолжат паралелно, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски во обраќањето на седницата на Мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија – ЕУ, што започна денеска во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур.

Како што јави дописникот на МИА, Жерновски нагласи дека Резолуцијата на Европскиот парламент донесена на 24 октомври, веднаш по октомврискиот Самит на ЕУ и посетата на претседателот на Европарламентот, Давид Сасоли на Северна Македонија, и даде силно охрабрување на земјава дека европските врати не и се затворени и испрати силен сигнал до Европскиот совет да ги одржи ветувањата и прашањето за започнување на пристапните преговори да го врати на својот дневен ред.

Жерновски оцени дека неможноста на Советот на ЕУ да донесе одлука во октомври за започнување преговори беше очигледно разочарување и создава атмосфера на неизвесност и непредвидливост на перспективата на ЕУ и поттикна потрага по алтернативи за членството во ЕУ, со што „се испрати лош сигнал до Регионот со поттикнување на регресивните и националистичките политички сили“.

Најважно, според него, е што за во моментот сите земји членки заедно со Франција потврдија дека крајната цел е целосно членство на сите земји од нашиот регион во ЕУ, но процесот на проширување треба да обезбеди еднакво ниво на игра за сите земји кандидати со примена на исти принципи, со што ќе се овозможи продуктивна конкурентска реформа.

Заменик министерот за надворешни работи изрази надеж дека Еврокомисијата во јануари ќе излезе со својот предлог како да се одржи и забрза процесот на пристапување и може да подготви краток преглед на состојбата со реформите, со верување дека овие два процеса може да одат паралелно и „да кулминираат во Европскиот совет во март“.

Само во тој случај, според Жерновски, Самитот во Загреб во мај може да послужи како обединувачки стратешки настан и место за обнова на европската пристапна перспектива за целиот регион на Западен Балкан.

– Не е лесно да се продолжи, но нема алтернатива. Убедени сме дека нашите достигнувања и фокусот на идните испораки покажуваат зрелост, потенцира тој.

Откако накусо ја претстави состојбата во земјата и клучните реформи на кои се работи, Жерновски како заклучок потенцира дека била потребна огромна политичка енергија за да се одговори на гладот на општеството за правда и да се врати кредибилитетот на земјата кај нејзините партнери.

Одлучувачки фактор, според него, не треба да биде дали земјите од Западен Балкан успеваат да ги исполнат сите услови совршено, туку е поважно тие да станат подемократски во наредните години и да преземат борба против популизмот и национализмот.

– Ова е она што е важно е дека ги научивме лекциите од нашето минато и напредуваме во процесот на ЕУ посилно од кога било. Ние сакаме да создадеме демократска земја на можности, фер општество, заедница на просперитет, каде што правилата на законот гарантираат правда и каде ќе бидеме безбедни. Приклучувањето во семејството ќе значи поголема стабилност за сите нас и поголем просперитет дома. Знаеме, дека има уште многу долг пат, потенцира Жерновски.

Next Post

Груби: ДУИ на изборите ќе настапи самостојно

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk