ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Локо Транс – инвестиција во вредност од 15-20 милиони евра и отворање од 250-300 нови работни места

Договорот го потпишаа министерката за странски инвестиции, Зорица Апостолска и сопственикот и извршен директор на Локо Транс, Карел Јалови. Заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, зборувајќи на свеченоста, посочи дека компанијата Локо Транс во железничкиот транспорт работи во 1990 година,  во машинската индустрија, односно високо софистицирана индустрија којашто во својата производна програма има производство на железнички вагони и локомотиви. Тој додаде дека оваа компанија има капацитети во повеќе држави, во Чешка, Словачка, Италија, Бугарија, Србија, Аргентина и ги покриваат пазарите на Европа, на Блискиот Исток, на Азија, на Латинска Америка и на Африка

December 19, 2019 18:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија и компанијата Локо Транс од Република Чешка, денес го потпишаа договорот за државна помош за инвестицијата во вредност од 15-20 милиони евра во која се планира да се отворат од 250-300 нови работни места, известуваат од владиниот прес центар.

Договорот го потпишаа министерката за странски инвестиции, Зорица Апостолска и сопственикот и извршен директор на Локо Транс, Карел Јалови.

Заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, зборувајќи на свеченоста, посочи дека компанијата Локо Транс во железничкиот транспорт работи во 1990 година,  во машинската индустрија, односно високо софистицирана индустрија којашто во својата производна програма има производство на железнички вагони и локомотиви. Тој додаде дека оваа компанија има капацитети во повеќе држави, во Чешка, Словачка, Италија, Бугарија, Србија, Аргентина и ги покриваат пазарите на Европа, на Блискиот Исток, на Азија, на Латинска Америка и на Африка.

„Фабриката којашто ќе биде изградена во Скопје, ќе биде инвестиција помеѓу 15 и 20 милиони евра. Ќе се произведуваат транспортни шински возила, вагони. Тоа е многу слична фабрика, но многу пософистицирана на она што беше Колска во Велес на времето и мислам дека е добро да напоменеме дека и еден добар дел од вработените коишто ќе имаат желба да работат во новата фабрика од Колска и нивниот проблем ќе биде решен на овој начин, сите тие коишто ќе имаат капацитет и желба да продолжат со работењето во новата компанија Локо Транс ќе бидат преземени и ќе имаат можност својот работен век да го поминат во оваа компанија, бидејќи таа е компанија којашто ќе произведува шински возила за целиот свет.

Планирани се 250-300 нови работни места. Фабриката се очекува да биде завршена во периодот од почетокот на градба за некои 12-15 месеци и потоа да започне производниот процес. Производниот процес ќе биде комплетен, од почеток од репро материјали, па се до готов производ ќе се одвива во рамките на оваа фабрика“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Сопственикот и извршен директор на Локо Транс, г. Карел Јалови, посочи дека и покрај тоа што се присутни во Република Северна Македонија повеќе години и имаат основано две фирми во земјата, потпишувањето на договорот за државна помош е првиот конкретен чекор кон реализација на новата инвестиција на чешката компанија.

„Пред една година се сретнавме со Вицепремиерот, конкретно кажавме што сакаме да направиме и тоа што беше ветено, беше и направено и со тоа денес потпишавме договор којшто гарантира изградба на фабрика во Северна Македонија и нашата инвестиција во Северна Македонија. Во денешната политика не е ништо поглобално од железницата којашто треба да се развива и тоа е гранка којашто сите земји ги спојува и ние сме задоволни што на денешен ден се споивме со Република Северна Македонија и многу ни помогна вицепремиерот со својот импут“, нагласи Јалови.

Компанијата Локо Транс, ќе започне со градба на новата фабрика и придружната инфраструктура, во првата половина на 2020 година.

Next Post

Левица, вистинската Десница

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk