ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Макрадули: Зазеленувањето е дел од имплементацијата на Планот за воздух и дава резултати

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули учествуваше во денешната акција „Зелен лист, воздух чист“ за зазеленување на дворни површини во градинките, основните и средните училишта, во рамки на Планот за чист воздух

December 19, 2019 18:50
in ЗЕЛЕНА, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули учествуваше во денешната акција „Зелен лист, воздух чист“ за зазеленување на дворни површини во градинките, основните и средните училишта, во рамки на Планот за чист воздух, пренесува МИА.

Со иницијативата, која е на Факултетот на земјоделски науки и храна и Шумарскиот факултет во Скопје, предвидено е во секоја скопска општина зголемување на процентот на зеленило со плодородни дрвја – овошни урбани паркови и урбани градини, во градинките, основните и средните училишта.

Почетокот на активноста за зазеленување на дворната површина го означија заменик министерот Макрадули и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски со засадување на бадеми пред објектот на ЈДГ „Весели цветови“, „Синоличка“.

Во периодот што следува „Синоличка“ ќе добие зелена ограда од зимзелени садници, нова тревна површина, а нејзиниот двор ќе го збогатат повеќе елки, зимзелени магнолии, багреми, лешници, дуњи и туји.

Дворот ќе го разубават и разни видови цвеќиња. Со ова хортикултурно уредување, на површина од 2596 м2 ќе бидат засадени вкупно 250 дрва. Додека за одржување на зеленилото ќе биде поставен нов систем за полевање со прскалки.

Оваа мерка има двојна функција и значење, како во однос на грижата и одговорноста кон животната средина, така и во однос на унапредување на воспитно – образовниот процес на нашите деца.

Од Планот за чист воздух, за Општина Кисела Вода издвоени се средства од 1,5 милиони денари за хортикултурно уредување и реконструкција на дворна површина со зелена површина на ЈДГ „Весели цветови“, „Синоличка“.

Next Post

Пленковиќ: На самитот во Загреб имаме амбиција да се почнат преговори со Македонија и Албанија

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

Два антикоагуланси на рецепт од аптека од крајот на ноември

October 31, 2025
Фото: Кабинет на Претседател

Сиљановска-Давкова на одбележувањето 25 години од Резолуцијата 1325 на ОН: Лани само седум отсто од преговарачите во мировните процеси биле жени

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk