Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не му го честитал именденот на почесниот претседател Никола Груевски. Тој во гостување на ТВ 21 рече дека немал телефонски број од Груевски и немал контакт со него.
„Немам комуникација, немам контакт телефон на господинот Никола Груевски“ рече Мицкоски.
Тој исто така смета дека се плашат од него, па затоа не го поканиле на обраќањето на Претседателот Стево Пендаровски.
„Луѓето се трудат што повеќе да избегаат од мене, затоа што се плашат“, додаде тој во гостувањето на ТВ21.