Самица во декември. Железен кревет и масиче и WC во истата келија. Светло како од свеќа. Ладно многу. Мраз. Еднаш неделно се бањавме. Се шетавме 2-3 круга и одма нè враќаа назад, низ солзи раскажува Лидија Лазова, една од 86-те обвинети за случајот „Калдрма“.
На денешниот панел на ЦИВИЛ, Жртви на режимот -сведоштва и слики, таа изјави дека во затвор повраќала, се онесвестувала, никој од стражарите не реагираше.
„Имаше само една стражарска смена, на која сакам да им се заблагодарам. Ми носеа топла вода, се грижеа. Колегите се тешеа и велеа кога може Лидија, можеме и ние. При туширање сум паднала. Ме однесоа во болница не можеа да ми стават инфузија од што бев слаба и изнемоштена. Сестрите ме гледаа со презир, не знам зошто. Имам 4 штрафови во колкот. Ги имам сè уште. Ме чуваа додека бев во болница двајца стражари. Двајца стражари ме чуваа да не побегнам, а имав скршен колк. Ми дијагностицираа остеопороза.
Бев осудена 4 години и 3 месеци. Без никакви помилувања. Казната ја дослужив во Идризово. Бев во затворениот дел на Идризово. Двајца од колегите од случајот починаа – вели Лазова.
„Инвалид сум, не можам да работам ништо. Се надеваме на некој ден кога можеби правдата ќе излезе на виделина“, изјави Лазова.
Инаку, сите 86 обвинети во случајот „Калдрма“ беа прогласени за виновни.
Обвинетите заработија затворски казни од 8 месеци до 6 години. Треба да ја надоместат и штетата за државата од над 110 милиони денари.
Највисоки казни заработи првата четворка- првообвинетиот Ирфан Идризи ќе треба да одлежи дури 6 години и 3 месеци затвор и да врати над 80.000 евра. Второобвинетиот Бобан Попкрстевски заработи 6 години а третиот и четвртиот обвинет за криминал на патарибите добија по 5 години и 10 месеци затврска казна.
Најниска е казната за единствениот надворешен соработник кој ги изработувал лажните фискални сметки кои им биле издавани на патниците.
Признанија за работата на организираната група дале 2 лица а 18 детално образложувале како се печалеле црни пари.
Групата беше уапсена во декеври 2011-та. Полицијата откри дека работеле организирано и за разлика од колегите фатени со „Змиско око“ кои не издаваа сметки, овие издавале лажни фискални а парите ги ставале во џеб.
Членовите на групата на координаторите кои биле сменоводители им плаќале по 500 евра месечно за д аработат во фрекфентните денови и периоди од денот.
Ј.Ѓ. и И.Т.З