ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Охридските угостители подготвени за новогодишните празници, хотелите речиси распродадени

Цените на хотелските аранжмани за новогодишните празници слични на изминатите години, со цени до 160 евра за три дена со свечен дочек на Новата година, зависно од понудата и категоријата на објектот.

December 21, 2019 13:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Охридските хотелиери и угостители ги привршуваат подготовките за што поуспешен пречек на гостите кои ќе решат тука да ги минат новогодишните празници, уште повеќе што најавите укажуваат на зголемен интерес кај туристите за дочек на Новата 2020 година на охридското крајбрежје. Цените на хотелските аранжмани за новогодишните празници слични на изминатите години, со цени до 160 евра за три дена со свечен дочек на Новата година, зависно од понудата и категоријата на објектот.

Речиси распродадени се сместувачките капацитети на хотелите „Инекс“, „Силекс“, „Гранит“, „Метропол“, „Белви“, „Милениум Палас“, а најбројни и овојпат ќе бидат гостите под соседството, пред се Бугарија и Србија. Ќе има и гости од Црна Гора, Косово, Грција, како помал број гости од Полска, Словенија, Турција.

Во некои од хотелските капацитети се уште има слободни места, но бројот секојдневно се намалува поради се поголемиот интерес со приближувањето на празниците. Она што е можеби поразлично од минатото е што се поголем број гости ги менуваат навиките да бараат слободни места во последен миг, односно навремено прават резервации за тоа каде ќе ги минат празниците.

Организирано Новата година ќе се чека и во охридски ресторани, со цени слични на минатогодишните, до 50 евра со богато мени и неограничен пијалок. Има и поевтини понуди, но зависно од бројот пијалоци, понудата, забавата, реномето на локалот. Дел од угостителите ќе работат според варијантата на отворен влез, со редовни цени на храната и пијалоците.

Забава ќе има и во ноќните барови и кафулињата кои одат со најразлилни понуди. Како пример, „Ликвид“ новогодишната забава ја нуди за 999 денари со влез, апетисани, овошје, два пијалоци и одлична забава.

Кога станува збор за домашните гости, тука пред се доаѓаат оние кои имаат свои станови и куќи во Охрид така што не се очекува позначајна заработка кај приватните станоиздавачи и издавачи на соби. Кај нив цената на сместување изнесува од 400 денари за легло и од илјада до над три илјади денари за апартман дневно, зависно од локацијата, големината, бројот на легла и категоризацијата.

Што се однесува на дочекот на отворено, оваа година за забавата на Градскиот плоштад ќе бидат задолжени Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески и групата „Камелеон“. Понудата дополнително ќе биде збогатена со лизгалиштето на мраз поставено веднаш до плоштадот.

Инаку, градот е веќе свечено украсен, чаршијата блесна со реквизити, светлечки украси се поставени и на дел од улици во централното градско подрачје, така што се е подготвено за „најлудата“ ноќ во годината.

Next Post

Новогодишна елка од луѓе за Гинисов рекорд на плоштад „Македонија“

Shortcut

Најново

Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk