ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДС: Партиите да не вршат притисок врз медиумите и да не шират лажни вести

Ги повикуваме онлајн медиумите-порталите за вести, кои уште не се дел од регистерот да ги почитуваат професионалните стандарди и новинарската етика и што поскоро да станат дел од овој регистер

December 22, 2019 12:53
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Демократскиот сојуз го поздравува донесувањето на Регистерот на професионални онлајн медиуми што го промовираа Здружението на новинарите на Македонија и Советот на етика во медиумите во Македонија со поддршка на Стопанската комора, кој ќе биде достапен за јавноста од 1 јануари 2020, се вели во соопштението на ДС.

„Уверени сме дека оваа алатка за саморегулација на медиумите ќе помогне за зајакнување на професионалното новинарство во онлајн сферата и во борбата против лажните вести од кои е загрозена нашата демократија. Ги повикуваме онлајн медиумите-порталите за вести, кои се уште не се дел од регистерот да ги почитуваат професионалните стандарди и новинарската етика и што поскоро да станат дел од овој регистер. Ги повикуваме и новинарите од другите традиционални печатени и електронски медиуми да известуваат професионално, одговорно и отчетно и да се приклучат во саморегулацискиот механизам на Советот на етика во медиумите. Истовремено, ги повикуваме и надлежните органи да не го злоупотребуваат Регистерот на професионални онлајн медиуми со ускратување на правата на информирање и акредитација на новинарите чии медиуми се уште не се дел од регистерот и да се воздржат од поднесување тужби за навреда и клевета. Демократскиот сојуз е уверен дека слободното и професионално новинарство е најважната алка на демократијата. Во предизборниот период што следува, улогата на медиумите е од исклучителна важност за еднаков пристап до јавноста на сите политички понуди. Поради тоа, ги повикуваме партиите од власта и опозицијата да ја почитуваат слободата на печатот, да не вршат притисок врз новинарите при нивното известување и да се воздржат од негативна кампања со пласирање лажни вести и измислени информации за своите политички противници, користејќи го своето влијание во медиумите“, се наведува во соопштението на партијата.

Next Post

Осум жени пронајдени во два објекта во Добридол, се сомничат за проституција

НАЈНОВО

Џена Ортега: Глумата ме направи повнимателна личност, сега ги бирам зборовите

August 19, 2025
СДСМ

СДСМ: Се потврдува скандалот со милионскиот тендер за испитниот центар во Битола, кој во МВР ќе одговара?

August 19, 2025

Под власта на семејството Асад исчезнале околу 300.000 луѓе во Сирија

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk