ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

ДУП-от за Трнодол на повторна јавна презентација и анкета во првата половина на 2020

Во јавноста кружат неосновани обвиненија дека ДУП-от за Трнодол и дел од Козле, ќе биде донесен на следната седница на Советот на Општина Карпош, што е апсолутно неточно. Целиот процес ќе продолжи да се одвива отворено како и до сега, а на барање на жителите, јавната презентација ќе се одржи во подобри просторни услови. На тој начин, се надеваме дека ќе ги мотивираме нашите сограѓани да дојдат и да се информираат за новиот Предлог – ДУП, додаваат од општината

December 22, 2019 10:21
in РЕПУБЛИКА, ДЕНЕС
ФОТО: МКД.МК

ФОТО: МКД.МК

Share on FacebookShare on Twitter

Предлог ДУП-от Ј03 Блок 7, за потегот околу Трнодол и дел од Козле ќе биде ставен на повторна јавна презентација и јавна анкета во првата половина на 2020 година, соопшти општина Карпош, пренесува МИА.

– Во јавноста кружат неосновани обвиненија дека ДУП-от за Трнодол и дел од Козле, ќе биде донесен на следната седница на Советот на Општина Карпош, што е апсолутно неточно. Целиот процес ќе продолжи да се одвива отворено како и до сега, а на барање на жителите, јавната презентација ќе се одржи во подобри просторни услови. На тој начин, се надеваме дека ќе ги мотивираме нашите сограѓани да дојдат и да се информираат за новиот Предлог – ДУП, додаваат од општината.

Предлог – ДУП не предвидува никакви нови населби или уништување на зеленилото, се наведува во соопштението и се додава дека целосно е заштитен зелениот појас и истиот ќе добие намена Д2 односно заштитно зеленило.

– Намалена е катноста на објектите, а спорната Јужна обиколница со новиот ГУП ќе биде целосно избришана. Во овој ДУП истата се предвидува единствено од технички аспект, заради законски нужното усогласување со посточекиот ГУП, нагласува општината.

Со новиот Предлог – ДУП, се вели во соопштението, се воведуваат и дополнителни мерки за максимална безбедност на теренот.

– Имено, Предлог ДУП-от предвидува задолжителни геомеханички испитувања на теренот, заштита на земјиштето со потпорни ѕидови и шипови пред почеток на било каква градба. Само за илустрација, веќе постоечкиот ДУП кој сега е на важност, воопшто не ги содржи овие дополнителни мерки кои би се однесувале за објектите под Трнодол (позади „Макпетрол“), нагласува општината.

Апелира до граѓаните да бидат спокојни во однос на безбедноста и ефектите кои може да ги има градењето врз истата.

– Завршено е времето кога ДУП-овите се носеа на сила, далеку од очите на јавноста! И покрај големиот број на лажни информации и напади, ќе продолжиме транспарентно да го водиме овој процес и ќе ги искористиме сите легитимни средства, за да им овозможиме на нашите сограѓани подобар увид во Предлог – ДУП-от, се вели во соопштението.

Новата Јавна анкета ќе трае и по завршување на работното време на граѓаните, за да се овозможи поголема видливост на ДУП-от и да ги процесираме нивните забелешки преку анкетните листови. Во меѓувреме, на веб страната е достапен графички и текстуален дел од овој ДУП,.

– Насилството и агресијата не смеат да бидат одлики на една од најразвиените општини во нашата држава, Општина Карпош. Затоа ќе продолжиме процесот да го водиме низ призма на транспарентност, дијалог и соработка со сите вклучени чинители, се нагласува во соопштението.

Next Post

СДСМ: ВМРО кочничарска ДПМНЕ, блокира сè што е добро за граѓаните и државата, затоа ќе изгубат на 12 април

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk