Британската влада нареди изработка на нови монети од 50 пени (околу 0,58 евра) по повод повлекувањето на земјата од членството во ЕУ, кое е предвидено на 31 јануари.
Британското министерството за финансии во октомври ја прекина изработката на монети, бидејќи Брегзит, кој е предвиден за 31 октомври, е одложен за крајот на јануари.
Тогаш околу милион монети мораше да се стопат.
Одлуката за повторна изработка на монети пред официјален Брегзит е донесена по победата на Конзервативната партија на предвремените парламентарни избори.
Борис Џонсон и пред функцијата претседател на влада беше голем застапник на Брегзит.
Новата монета, од злато, сребро и комбинација на бакар и никел, ќе го носи датумот на Брегзит и пораката „Мир, просперитет и пријателство со сите нации“.