ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Онлајн купувањата со раст од 14 проценти

Анализата на Асоцијацијата вo која се користени податоци на Државниот завод за статистика покажува дека Македонците интернетот најмногу го користеле на социјалните мрежи.

December 24, 2019 09:23
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Купувањето онлајн во државава и понатаму расте со забрзано темпо. Спроведената анкета во првиот квартал на 2019 година во државава во која испитаниците се изјаснуваат за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува раст од 14 проценти, односно онлајн купувале 35,9 проценти од интернет корисниците, наспроти 31,6 проценти  во истиот период минатата година, информира Асоцијацијата за е-трговија.

Интернет пенетрацијата во првото тримесечје од 2019 година е зголемена на 81.8 проценти опфат на домаќинствата, наспроти 79,3 проценти во истиот период минатата година. Според резултатите, има подобрување и во начинот на пристап (фиксно широко појасно и мобилно) потребен за вршење на е-трговија.

Осумдесет и еден процент од Македонците на возраст 15-74 години употребиле интернет во последните три месеци наспроти 79,2 проценти во истиот период лани. Притоа 72,9 проценти користеле интернет секој ден, наспроти 68,7 проценти лани, при што мажите користеле интернет повеќе (74,9 проценти) од жените (70,8 проценти).

Анализата на Асоцијацијата вo која се користени податоци на Државниот завод за статистика покажува дека Македонците интернетот најмногу го користеле на социјалните мрежи.

Конкретно, 70,4 проценти за лично креирана содржина (текст, слики, музика, видеа, софтвери итн.) на веб-страници за да бидат споделени, потоа 70,1 процент за инстант-пораки, т.е. размена на пораки, на пример, преку Скајп, Месинџер, ВатсАп, Вибер и 68,4 проценти за учество во социјални мрежи (креирање кориснички профил, испраќање пораки или други прилози на Фејсбук, Твитер итн.).

И понатаму мажите се убедливо повеќе на социјалните мрежи, па така за ставката „ставање лично креирана содржина (текст, слики, музика, видеа, софтвери итн.) на веб-страници за да бидат споделени”  учествувале со 73 проценти, наспроти 67,8 проценти од жените.

Како и во минатата година, така и годинава Македонците најмногу купувале облека и спортска опрема или 35,8 проценти, по што со 10,5 проценти  следат производи за домаќинство и 10,4 проценти електронска опрема. Најголемиот дел од он лајн купувањата 38,8 проценти се од продавачи од нашата земја. Ако во минатото доминантна онлајн трговија била од продавачите од другиот дел на светот, годинава тоа е намалено на 20 проценти, со 11 проценти учество на продавачите од Европска Унија.

Next Post

Сменет директорот на „Боинг“

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk