„Законската основа е создадена, Заев никогаш не сакал да прави притисок, ниту треба било кој да крева телефони на судиите да врши влијание, да кажува како треба, што треба да прават со процесите, дали побрзо побавно како да судат и слично, скраја да е, никој не треба тоа да го прави во државата.“, рече премиерот Зоран Заев во интервјуто за Македонската телевизија.
Тој нагласи дека одговорноста на судиите е сериозна работа и дека од нивното работење зависи делокругот на атмосферата на севкупниот живот на државата – дали ќе има повеќе инвестиции, дали млади ќе остануваат овде, дали ако некој се чувствува дека е правичен има надеж дека ќе дочека правда во оваа држава, токму заради тоа тргнуваме во еден процес на прочистување и проверка на судсвото, преку имотот, преку судирот на интереси, истакна Заев.
Потоа се осврна на Законот за ЈО, кој е во изработка и истакна дека се свесни дека за овој закон се нема 2/3 мнозинство, но дека се прават напори и разговори со опозицијата, и тој дијалог ќе продолжи.
Веројатно обидите ќе извадат на маса кој е за ЕУ и кој не е на крајот на денот. Иако ЕУ ги има заокружено и конфирмирано сите наши успеси – убаво е овој закон да биде уште една причина да испратиме порака дека навистина реформите продолжуваат во државата, потенцира Заев
Заев уште еднаш напомена дека прифатил од опозицијата да е предлогот за Обвинител за висока корупција. Прифатив дури и имиња којшто беа споменувани од опозицијата заради да дадам шанса да се донесе законот, одговори премиерот Зоран Заев во интервјуто на Македонската телевизија.
Џ. Д. и Ј. Ѓ.