Силно сум мотивиран и очекувам во 2020 година веднаш по формирање на новата влада да се почувствува таа огромна разлика која што ќе ја донесе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски. Тој додаде дека очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ со 61 пратеник. Јас силно верувам дека ќе имаме 61 пратеник, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју за ТВ Клан.
Тој рече дека по победата на предвремените парламентарни избори, граѓаните веднаш ќе ја почувствувале разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
„Силно сум мотивиран да покажам дека можеме поинаку, дека времето на политичките измамници и транзиционите неуспешни политичари завршува, а доаѓа една нова генерација на луѓе кои што знаат како треба да се справуваат успешно со предизвиците. Ќе покажеме дека можам поинаку, без разлика на етничка, на верска, на политичка определба или било каква“; рече Мицкоски.