ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Нада Прља со „АдаН во градот на огнот“ во МСУ

Под влијание на глобалната криза, што подразбира дека можниот крај не е само имагинарен, Нада Прља на изложбата поставува редица прашања што рефлектираат на нашите состојби во светот денес, но и прашања што се однесуваат на тоа што значи да се биде уметник денес

December 26, 2019 17:13
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Утревечер, со почеток во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложба на Нада Прља со наслов „АдаН во градот на огнот“. Во рамки на инсталацијата инкорпорирани се стрип, скулптура, цртежи, графити и дела позајмени од колекцијата на МСУ.

Под влијание на глобалната криза, што подразбира дека можниот крај не е само имагинарен, Нада Прља на изложбата поставува редица прашања што рефлектираат на нашите состојби во светот денес, но и прашања што се однесуваат на тоа што значи да се биде уметник денес.

Една од основните дилеми е како и што да се создава кога сите ресурси забрзано се исцрпуваат и кога на производството на нови добра и нови вредности се гледа како на исклучок? Дали и како овие состојби влијаат на работата на уметниците и дали и како тоа може да го промени начинот на кој ние ја вреднуваме културната продукција. Ова може да се прошири и на размислувањето дали оваа криза ќе влијае и на тоа како го вреднуваме и нашето постоење како човечки суштества.

„Со оваа изложба ги пренесувам посетителите во замислената 3030 година, каде нашата цивилизација веќе исчезнала и настанала нова, која нема информации за нас. Користам алегорија со желба нашиот поредок да биде преиспитан од една неутрална точка. Новата цивилизација откопува збирка на уметнички дела, создадени и собрани од страна на АдаН (мој псевдоним Нада-Адан) пред цивилизацијата на АдаН да исчезне засекогаш во претпоставениот ден 20.02.2020. АдаН е замислен лик, супер херој кој ја презема улогата на заштитник на нашето културно наследство, заради претчуството дека нашата цивилизација сосема ќе исчезне. Тоа што посетителите на изложбата “АдаН во градот на огнот” ќе можат да видаат во МСУ е токму слободно интерпретирана лична збирка создадена од АдаН. Во истоимената збирка може да се најде селекција на мои делата создадени помеќу 2007 и 2019, но модифицирани. Оваа уметничка постапка има за цел негирање на понатамошно искористување на други материјали во процесот на креирање на нови уметничко дела, како едно од можните решенија за светската криза во рамки на уметничкото создавање. Потоа во оваа збирка, помеѓу другото, се наоѓат и дела на Грабулоски, Манев и мојата баба Нада Корда Сима, укажувајќи на испреплетеноста на односот помеѓу личната и јавната перцепција на културната сегашност и минато. Целата збирка на уметнички дела е придружена со документарен материјал (фотографии и видео) кои постојано потсетуваат на урбаните процеси во нашиот град Скопје. Во исто време, во збирката на АдаН се наѓаат уметнички дела од висока вредност, но се измешани со “невредни” предмети (пронајдени во улиците на Скопје), прашувајќи за нашиот систем на вреднување кој самите сме си го наметнале и кој од перспектива на замислена 3030 год., би изгледал сосема нелогичен и апсурден. Како илустрација на тоа служи и делото наречено “Нада Прада” каде се преобликуват брендираните кошули од Прада, Бурбери и други во едноставен и “невреден” чаршаф, каде сегашнот систем на вреднување го ставам во прашање“, вели Прља.

Изложбата е обид да се постават и промислат овие прашања и обид да се побараат нови креативни методи соодветни на светот во кој живееме. Со цел да ги испита овие можни нови методи, Прља создава свој алтер его – Адан, лик од стрип, кој во серија стрип новели истражува како и што значи да се создава уметничко дело во денешно време.  Адан нуди три модели на создавање: со позајмување на уметнички дела да се рефлектира на субверзивен начин на историјата; со повторна употреба или рециклирање на материјалите и идеите од позајмените дела, па дури и од сопствените дела; и конечно со демистификација или “де-уметнификација“ на уметничкото дело и негово отворање за друга употреба.

Изложбата ќе биде отворена се до 21 февруари 2020 година.

 

Next Post

Богоев до Јаревски: Каде се 100-те згради од лани до сега?

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk