Не стивнува говорот на омраза на социјалните мрежи насочен кон жените, а посебно кон жените што ги препознава јавноста, кои јасно и гласно се борат за правата на жртвите на шовинизмот, сексизмот, мизогинијата и говорот на омраза.
Овој пат на мета е и партеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, за искажан политички став. Рангелова неодамна застана и во заштита на правата на жените – конкретно на страната на активистката Мерсиха Смаиловиќ која беше нападната и од некои новинари за начинот на облекување и настап во јавност. Оваа очигледна нетрпеливост која најчесто доаѓа од радикалните десничари е толку честа на социјалните мрежи што веќе (за жал) како да „нè навикнува“ на таквиот начин на изразување на нетрпеливост искажана од поедници и групи.
Активистката и истакната борка за родова еднаквост Ирена Цветковиќ, на својот фејсбук профил ги предочи овие два најнови случаи на мизогинија, говор на омраза и повикување на насилство:
Фејсбук статус каде има повик на насилство:
Во вториот случај препознаваме говор на омраза и мизогинија во статусот од истиот човек, но и во коментарите:
Кристиан Јандриовски и Златко Биков се едни од многуте кои секојдневно ги изложуваат жените од политичката сфера на сексистички, шовинистички и мизогини коментари. Оваа омраза оди дотаму што неретко повикува и на насилство. Ваквото однесување е неприфатливо и мора да сноси одговорност!, повикува Ирена Цветковиќ
Реакциите кон ваквите појави, на социјалните мрежи граѓаните ги потпишуваат под овие хаштази: #СоНеаСме #JemiMeTë #FeministWatchdog
Ј. Ѓорѓиоски