Јас сум убеден дека ќе добијам нов мандат за премиер, вели Зоран Заев.
Мојата амбиција и аспирација ја соопштив пред граѓаните, барам чист мандат. Мандат во кој ќе продолжиме да ги решаваме крупните прашања, мандат во кој ќе ги заокружиме интеграциите и ќе продолжиме со економскиот просперитет на државата.
Суштините на политиките имаат директен импакт кај граѓаните кои се наши гласачи. Убеден сум дека добивам нов мандат за премиер зашто политиките што ги водевме се насочени кон државата, порача премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.
-Неколку пати досега кажав дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори ќе биде од 60 до 120.000 гласови. Тоа е непобитен факт и сега го потврдува и анкетата на МЦМС, рече Заев.
Тој посочи дека МЦМС е невладина организација која се финансира од меѓународни институции и низ годините години има изградено свој рејтинг и кредибилитет.
Ј. Ѓ.