ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Не држи аргументот на ВМРО-ДПМНЕ за името на Армијата за Законот за одбрана

December 27, 2019 15:15
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

За жал, ВМРО-ДПМНЕ се уште не го има променето ставот во поглед на Законот за одбрана и тоа не можам да го разберам. Законот за одбрана влезе во процедура во август и се дебатираше јавно и два пати во Собранието, а ВМРО-ДПМНЕ не даде ниту еден амандман на законот, за сега да информираат оти немаат намера да го поддржат, иако тој бара двотретинско мнозинство, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која денеска присуствуваше на брифингот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски со претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски, за состојбата со борбената готовност на Армијата во изминатата година, пренесе МИА.

Таа потсети дека е постигната согласнот во Собранието за деблокирање на голем дел од законите кои, како што рече, беа заглавени во собраниски процедури, а главно се закони кои нудат шанси за повиски пензии, плати и за права кои граѓаните можат да ги користат ако Собранието даде зелено светло. Очекувам, потенцира Шекеринска, и се надевам дека зборот кој беше даден ќе се почитува.

– Аргументот со уставното име не држи, заради тоа што до денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе има поддржано закони во кои стои нашето уставно име, а пред два дена изгласа Декларација и ја потпиша на кое стоеше нашето уставно име Република Северна Македонија. Ако тие ова го користат како алиби за негласање на Законот за одбрана, единствена порака што ќе ја испратат и дома кон граѓаните, но и кон светот, дека имаат дилеми во поглед на нашето членство во НАТО, изјави Шекеринска и додаде дека затоа бил апелот по прашањето на Алијансата дека е не простиво Собранието сега да не го усвои законот поради една политичка партија.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ ќе сфати дека и нивниот партиски интерес подразбира поддршка на ваков закон и со тоа ќе го дочекаме членството со наша исполнета обврска.

– На Законот за одбрана граѓаните можеби најдобро можат да видат кој е за НАТО, а кој не, рече меѓу другото министерката за одбрана Шекеринска.

Next Post

Се договорија, па им тргна - гласаат закони, а избори ќе има

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk