ДПА е поблиску за коалиција со СДСМ, отколку со албанските партии, најави претседателот Мендух Тачи, по завршување на седницата на централното собрание на партијата. Тој објасни дека веќе е невозможна коалиција со Движењето Беса или Алијансата за Албанците и додаде дека на овие избори ќе се бори да ги победи нив.
„Јас не припаѓам во групата на политичари кои се однесуваат опортунистички. Ситуациите се многу појасни. По тоа што сме сработиле со премиерот и лидерот на СДСМ ние гледаме поголема подготвеност кај него да зборуваме за сите теми кои се отворени, без да ги елиминираме заслугите на премиерот Заев за деблокирање на интегративниот процес. Мислиме дека многу поблиску сме да разговараме и натаму со премиерот и со СДСМ“, изјави Тачи.
А. Зеќири