ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Компанијата „Магна“ потврди инвестиција во државава

„Магна“ моментно регистрира фирма во државава, а останатите детали за инвестицијата ќе бидат соопштени дополнително

December 28, 2019 16:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата за производство на ретровизори и огледала за автомобилската индустрија, „Магна“ ја потврди својата инвестиција и таа ќе биде предмет на одлука во следниот период, информира денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања во заминување Кочо Анѓушев. „Магна“ моментно регистрира фирма во државава, а останатите детали за инвестицијата ќе бидат соопштени дополнително.

Анѓушев и премиерот Зоран Заев на прес-конференција најавија и дека американската компанија од автромобилската индустрија „Дура Аутомтив Системс“ ќе отвори две нови фабрики во ТИРЗ Скопје, каде веќе има пробно производство на својот прв капацитет.

Како што наведе премиерот, за 2,5 години Владата договорила 24 нови странски инвестиции во нашата земја. – Ако сега вкупно имаме само во индустриските зони 34 компании, разликата во полза на оваа Влада за активностите на овој план е сосема очигледна. Во досегашниот мандат на оваа Влада 13 фабрики се веќе пуштени во работа. Тоа се речиси двојно поголеми резултати во споредба со истите периоди 2013 до 2015 или периодот од 2015 до 2017, рече Заев.

Тие резултати, истакна, се само дел од големата успешна приказна во која за само 2,5 години граѓаните почнаа да ги чувствуваат придобивките заради добрите и одговорни економски политики преку зголемените плати, преку намалените трошоци, преку мерките за поврат на средствата и преку помошта која ја обезбедивме за ранливите. – Невработеноста во третиот квартал за 2019 година, како што кажавме, е веќе на 17,1 процент. Само во овој период отворени се 5.263 работни места и во моментов има 799.546 вработени. Во споредба со вториот квартал во 2017 година кога е формирана Владата невработеноста е намалена за 5,5 процентни поени. Само за девет квартали отворени се без малку 60.000 нови работни места или точно 59.564 нови работни места, посочи премиерот.

Next Post

Целта на хибридните напади е да се спасат криминалците и да се врати режимот

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk