ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Целта на хибридните напади е да се спасат криминалците и да се врати режимот

Главна одлика на пропагандата на радикалите и националистите, веќе со години, се лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата. И во изборен контекст, нивните настапи во јавноста се главно ориентирани кон дискредитација на политичките противници и неистомисленици. Не се бираат средства, целта е само да се нанесе штета, во замена за валкани политички поени.

December 28, 2019 16:41
in ESPRESSO, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Оваа мала доза на „ментално еспресо“ ќе ја посветам на манирите со кои се води политичката борба во нашата земја, во пресрет на предвремените парламентарни избори, но и многу долг период претходно. Се разбира, потребно е да се испијат повеќе дози за да се стабилизира „политичкиот метаболизам“ на јавноста во пресрет на пропагандното цунами што се приближува деновиве.

Главна одлика на пропагандата на радикалите и националистите, веќе со години, се лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата. И во изборен контекст, нивните настапи во јавноста се главно ориентирани кон дискредитација на политичките противници и неистомисленици. Не се бираат средства, целта е само да се нанесе штета, во замена за валкани политички поени.

Најчеста мета на радикалите и антизападните политички структури во земјава, секако „без конкуренција“ е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, но не изостануваат ни другите функционери, како ни интелектуалци, новинари, политичари и други јавни личности. Секој што размислува поинаку, од довчерашен сојузник, станува омразен непријател, како што е случајот со пратеничката Даниела Рангелова.

Без оглед на тоа дали некоја лажна вест е претходно целосно демантирана и разобличена, пропагандата не се колеба секогаш одново и одново да ја лансира.

Само за илустрација, да разгледаме едно од најновите вкрстувања на политичките острици, кои се случуваат секојдневно, по неколку пати, меѓу политичките противници во јавноста.

Иако еднаш веќе е демантирано тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ за поврзаноста на Оливер Спасовски со кумановската фирма „Пин петрол“, истото повторно се лансира во момент кога СДСМ го избра за премиер на техничката влада во 100-те дена од предизборниот период. СДСМ експресно одговори со демант во кој се вели дека тоа е лага и потсети: „МВР преку официјално соопштение ја демантираше оваа лажна вест и соопшти дека ниту министерот Спасовски ниту член на неговото семејство нема било каква сопственост во оваа компанија, ниту во било која друга, ниту во минатото ниту денес.“

Овој пример зборува за само уште една од неброените содржини со кои секојдневно се бомбардира јавноста од официјални партиски комуникациски центри. Чии буџети се полнат од парите на македонските граѓанки и граѓани, да не се заборави.

Од друга страна, функционерите и портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ постојано избегнуваат да се соочат со јавноста и да одговорат на големиот број непријатни прашања за нивните бизнис релации, истраги за кривични дела и многу други скандали и афери со кои се китат нивните политички кариери. Одамна е повеќе од очигледно дека неуморното деструктивно и клеветничко пропагандно дејствување често дејствува успешно и постигнува ефект на дефокусирање на вниманието на јавноста и институциите од одговорноста и санкциите со кои токму тие би требало да се соочат.

Се поставува прашањето дали воопшто е можна вистинска политичка дебата, бидејќи јавната комуникација е тотално контаминирана со лажни вести и со нималку суптилни содржини со кои се промовираат насилството и поделбите.

Голем број луѓе се жртви на манипулациите што доаѓаат од комуникациски центри под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, но и на познати странски центри на моќта, чија основна цел е да се попречат македонските интеграциски процеси, а над сѐ, да се заштитат криминалците на режимот од продолжување на судските процеси и нивно враќање на власт. Значи, кратко и јасно: Целта на хибридните напади е да се спасат криминалците и да се врати режимот. Нема ништо појасно од тоа.

Веќе предолго време се соочуваме со политичка, општествена и медиумска состојба во која гледаме дека, едноставно, невозможен е вистински политички дијалог и аргументирана дебата во јавноста. Оттаму, извонредно тешко е граѓанките и граѓаните да се информираат објективно и да направат едуциран избор во пресрет на предвремените парламентарни избори. Затоа, во овој период, пресудна е општествената улога на медиумите и граѓанските организации во граѓанската едукација и борбата против хибридните напади на демократијата.

Тоа е морална обврска кон општеството, а не задача за која треба да се очекуваат пари. Со подобрување на општествената и политичката клима во која секој чинител ќе ја изврши својата задача совесно, ќе се подобрат и економските услови, па така за сечиј труд ќе има и достоинствена награда. Така барем јас гледам на работите.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Next Post

ФОТО ВЕСТ: Мицкоски на „баци рака“ кај Ахмети

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk