ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРОМО & БИЗНИС

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

August 15, 2026 10:46
in ДЕНЕС, ПРОМО & БИЗНИС
Share on FacebookShare on Twitter

ПР содржина

Мазутот бил со соодветен квалитет, потврдува вештачењето нарачано од ОЈО ГОКК за предметот „Мазут“ кој моментално е на одлучување во Вишото јавно обвинителство откако обвинителката Коларевиќ ја запре истрагата поради недостаток на докази.

Во јавноста беа отворени повеќе прашања во врска со квалитетот на мазутот, но вештачењето нарачано од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потврдува дека мазутот е со соодветни карактеристики и квалитет.

„Со оглед на параметрите, можам да заклучам дека квалитетот на мазутот е согласно Правилникот за квалитет на течни горива во РСМ, МК Стандардот МКС 1003:2022 и согласно член 9 од Договорот помеѓу ДПТУ РКМ ДОО Скопје и АС ЕСМ.“ – стои во вештачењето.

На прашањето дали РКМ и Капушевски можеле да знаат доколку мазутот бил со несоодветен квалитет, вештакот одговара:

„ДПТУ РКМ ДОО Скопје во критичниот период е компанија која располага со лиценца за трговија на нафтени деривати мазут М1 која при снабдувањето со мазут на ТЕЦ Неготино приближно 98% од вкупната количина ја набавува од домашен пазар каде увозник на мазутот е АД ОКТА Македонија, а останатите количини каде увозник во РСМ е ДПТУ РКМ ДОО Скопје, контролата ја спроведува Царинската управа на РСМ или Државниот Пазарен Инспекторат при увоз на нафтениот дериват во РСМ.

Согласно Договорот помеѓу ДПТУ РКМ ДОО Скопје и АД ЕСМ, во член 9 е дефинирано дека ДПТУ РКМ ДОО Скопје ги врши набавките согласно сертификат за квалитет кој коренсподира со квалитетот опишан во истиот член. Во истиот Договор во член 10 е дефинирано дека доколку испорачаниот мазут не ги задоволува техничките карактеристики согласно член 9 истиот ќе биде вратен на товар на Продавачот, односно ДПТУ РКМ ДОО Скопје, и Продавачот е должен да го замени со мазут со карактеристики согласно член 9 во рок од 48 часа.

Согласно фактичката состојба во нафтениот бизнис, дециниски главен трговец со мазут во РСМ е АД ОКТА од каде е купен приближно 98% од мазутот испорачан во ТЕЦ Неготино, а од 2017 година заклучно со 2025 година доминантен добавувач на мазут во РСМ е ДПТУ Лотус оил од Бугарија, а најголема процентуална застапеност на пазарот со мазут во РСМ има во 2025 година.“

Во мислењето на крајот од вештачењето, вештото лице потврдува дека мазутот е со бараниот квалитет и карактеристики.

„Испорачаниот мазут од ДПТУ РКМ ДОО Скопје до АД ЕСМ, купен од Инса Оил од Бугарија, Мотор Оил од Грција, Ли Оил од Северна Македонија, Тритерол од Северна Македонија, Пуцко Петрол од Северна Македонија, Санс АГ од Северна Македонија, Хифа Оил од Босна и Херцеговина и Лотус Оил од Бугарија, е со бараниот квалитет и карактеристики определени во член 9 од Договор за набавка на стоки по јавен олас број 01-75/2021 заведен под број 0307-77/1 од 06.12.2021, Договор за набавка на стоки по јавен оглас број 01-03/2022 заведен под број 0307-25/1 од 18.02.2022 година и Договор за набавка на стоки по јавен оглас број 01-77/2022 заведен под број 0307-335/1 од 10.11.2022 година.

Испорачаниот мазут од ДПТУ РКМ ДОО Скопје до АД ЕСМ, купен од ОКТА Р.Северна Македонија е со бараниот квалитет и карактеристики определени во член 9 од Договор за набавка на стоки по јавен олас број 01-75/2021 заведен под број 0307-77/1 од 06.12.2021, Договор за набавка на стоки по јавен оглас број 01-03/2022 заведен под број 0307-25/1 од 18.02.2022 година и Договор за набавка на стоки по јавен оглас број 01-77/2022 заведен под број 0307-335/1 од 10.11.2022 година.“ – стои во мислењето на вештото лице.

Во поглед на диманиката, доказите утврдуваат дека испораките на мазутот се движеле согласно договорот и барањата на ЕСМ. Мазутот е носен во количини колку што било побарано од ЕСМ, а просекот на количина за ден е согласно договорот меѓу РКМ И АД ЕСМ.

Претставник на ЕСМ во својот исказ пред ОЈО ГОКК вели „им симнувам капа на РКМ, немаше никаков проблем со доставата“.

Останува прашањето на што се жали ЕСМ ако мазутот е со соодветен квалитет, а претходно им симнувале капа на РКМ?

Shortcut

Најново

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk