ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: За технички министер за внатрешни работи е предложено воено лице, ќе видиме дали Уставот го дозволува тоа

Зоран Заев изјави дека немаат предрасуди за кандидатот, тоа е право на опозицијата и оти првпат го слушнал тоа име, иако е полковник во Армијата. Но, предлогот е противуставен.

December 28, 2019 19:40
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Премиерот Зоран Заев по средбата во Владата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која се разговараше за предлог за технички министер за внатрешни работи изјави оти се работи за воено лице, пренесе МИА. – Имајќи предвид дека Мицкоски даде изјава и не соопшти име, јас само ќе кажам дека за министер за внатрешни работи е предложено воено лице и оттука сега испаѓа дилемата дали Уставот согласно член 97 тоа го дозволува, Законот за служба во Армијата и Законот за служба во МВР. Нормално заради ова прашање ние ќе ја консултираме нашата стручна јавност, владината стручна експертиза што постои, но ја повикуваме и јавноста да даде свој став. Убаво е транспарентно да ги искристализираме ваквите работи, изјави Заев.

Тој рече дека немаат предрасуди за кандидатот, тоа е право на опозицијата и оти првпат го слушнал тоа име иако е полковник во Армијата.

– Но, секако Уставот, законите треба да важат во државата. Затоа имаме уште неколку денови. Јас и нашите советници од двете политички партии сме на отворени линии ова прашање навистина да се изнедри во јавноста. Ја повикувам стручната јавност, да го искристализираме предлогот за да може на крајот да не испадне да доведеме некој во состојба спротивно на Устав да генерира и формализира предлози пред Собранието заради тоа што Собранието на крајот може да донесе и непријатна одлука заради тоа што таму се пратениците тие коишто конечно и одлучуваат, рече Заев.

Истакна дека во понеделник ќе се знаат и останатите имиња во техничката Влада и изрази очекување принципот на нивен избор да биде етички, да не бидат гонети или под обвинение на јавни обвинителства во државата.

Тој рече дека е важно сите учесници во изборниот процес да бидат одговорни со цел да се обезбеди фер, демократски и регуларни избори.

– Кога зборувавме за кандидатите нормално ние разговаравме дека претседателот на опозицијата како предлагач треба да има предвид кога ги предлага кандидатите единствено да не бидат лица кои се под обвинение на јавни обвинителства во државата заради тоа што од прилика не е ниту етички, ниту би требало да биде дозволиво. Заради тоа останатите имиња освен името на кандидат за министер за внатрешни работи во понеделник во координација јас и Мицкоски ќе бидат соопштени веројатно тогаш и тие ќе ги соопштат имињата, изјави Заев.

Премиерот посочи дека на средбата го отвориле и прашањето за една изборна единица кој што беше даден од помалите политички партии во Собранието.

– Сакаме да направиме напори ова прашање кое што е на дневен ред и ќе продолжи да биде на дневен ред сигурно се до 12 февруари додека не се распушти Парламентот оти темата е отпочната во самото Собрание. Во духот на она што претставува напори на изнаоѓање на заеднички консензуални решенија разговаравме за можни варијанти. Еве сега да влеземе да го изгласаме законското решение да важи од следните парламентарни избори за тука да го најдеме компромисот, а отворените листи да важат за следните локални избори за да не има директен импакт како аргумент на опозицијата, посочи Заев.

Тој повтори дека СДСМ е на став дека треба да имаме една изборна единица, апелирајќи да се најде решение и на тоа прашање.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk