ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Лекови има во секое време, решен е деценискиот проблем

Годинава беа воведени и две нови вакцини за заштита од пневмокок и рота вирус, кои се чести во детската возраст особено кај децата кои посетуваат градинки.

December 29, 2019 14:08
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„Квалитетот на лековите и нивната достапност беа огромен проблем кој сега е веќе минато. Од 1 октомври, годинава ги укинавме квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава и со оваа мерка го решивме деценискиот проблем со недостатокот на лекови. Ги нема повеќе долгите редици во аптеките, граѓните повеќе не се грижат дека ќе останат без терапија, бидејќи, таа им е достапна во секоја аптека, во било кој ден од месецот“, изјави министерот Филипче и додаде дека за две години, воведени се пет, односно 6 нови лекови за ретки болести, а за пациентите со дијабетес набавени се три нови типа исклучително високо-квалитетен и сертифициран инсулин.

Воведена е иновативна биолошка терапија за пациентите со малигни заболувања, карцином на белите дробови, ГИТ, меланом на кожа, како и биолошки лекови за прво и второлиниска терапија  за сите жени на кои што им е потребно лекување  од карцином на дојка. Се набавуваат 8 нови дигитални мамографи, воведено е задолжително двојно читање на момографските снимки, бесплатни ортопедски градници и психолошка поддршка за пациентките со рак на дојка.

„За една од најголемите придобивки го сметам укинувањето на скандалозниот закон за прекин на несакана бременост, донесен од претходната власт. Со новиот закон ја ставаме вољата на жената на прво место, која има потполно право на избор и безбеден прекин на бременоста“, потенцираше министерот Филипче.

Во насока на унапредување и зајакнување на јавното здравје, годинава, се воведоа и две нови вакцини за заштита од пневмокок и рота вирус, кои се чести во детската возраст особено кај децата кои посетуваат градинки.

„Нашата земја имаше највисока стапка на смртност кај новороденчиња во цела Европа. Многу сериозно пристапивме кон ова прашање и превземавме низа мерки: инвестиции во опрема, во инфраструктура, но најважно од се во луѓе за да се подигне нивото на експертиза.Со еден ваков сеопфатен пристап, кон еден исклучително комплексен проблем, успеавме двојно да ја намалиме стапката на смртност кај новороденчињата, што за нас како држава претставува огромен напредок и успех“, рече министерот Филипче.

Next Post

За Заев промена на власта нема да има, за Мицкоски власта сама си води негативна камања, за Ахмети ДУИ никогаш не водела, но била предмет на негативна кампања

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk