ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Ни претстои време на нови борби и уште поголеми победи

Измина деценија на борба. Победивме едно зло. Ни претстои време на нови борби и уште поголеми победи. Европската иднина ни е на дофат на рацете. Време е, со здружен напор, да ја зграпчиме иднината што ни припаѓа.

December 31, 2019 15:52
in ESPRESSO, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Измина деценија во која светот беше потресен од сиромаштија, болести, лажни вести, тензии, војни, милионски колони од бегалци, еколошка криза… Но и деценија во која, ширум светот, граѓанките и граѓаните го креваа својот глас и бараа светот да стане поправеден и човечен.

Измина деценија во која македонските граѓанки и граѓани живееја во заробена држава, изолирана и сиромашна, под режимот на луѓе кои беа алчни, насилни и забегани. Секој ден носеше неизвесност, несигурност и страв. Луѓето не беа безбедни никаде, ни на улиците, ни на работните места, ни во своите домови. Никогаш не се знаеше кога режимот ќе затропа на вратата и ќе зацрни и уништи луѓе, цели семејства, затоа што не размислуваат и не дејствуваат онака како што кажала Партијата.

Измина деценија во која партиската и антизападната пропаганда, лажните вести и говорот на омразата станаа највидливата содржина во медиумите. Кичот и шундот ги заменија уметноста и културата. Скопје 2014 стана одлика на лудилото, кражбата и фабрикуваната историја во служба на режимот.

Во услови на медиумски мрак, кога за изречен или напишан збор во медиумите или на социјалните мрежи можеше авторот да го голтне црна темница. Дури и само еден лајк на Фејсбук или Твитер можеше да го загорчи животот на луѓето.

Измина деценија во која граѓанското будење го симна режимот во борба долга повеќе од три години. Ова е деценија во која сфативме дека режимот не се победува преку ноќ. Ова е деценија во која од дното, тргнавме кон врвот. Успешно, иако со многу предизвици и неизвесности, завршуваме една деценија и започнуваме нова.

Измина деценија на борба. Победивме едно зло. Ни претстои време на нови борби и уште поголеми победи. Европската иднина ни е на дофат на рацете. Време е, со здружен напор, да ја зграпчиме иднината што ни припаѓа.

И, како што се вели во ангажираната новогодишна честитка на ЦИВИЛ:

Диктаторите и организираниот криминал се во силна спрега во голем број држави во светот. Нивната мрачна цел е да воспостават доминација во институциите, економијата, културата и медиумите, да завладеат со животот и умот на луѓето.

Во 2020 година, милиони луѓе ќе го кренат својот глас и ќе тргнат против лагите, експлоатацијата, тиранијата и организираниот криминал насекаде во светот.

Нека 2020 година биде исполнета со радосни победи во заложбите за слобода во светот, за достоинство и човекови права, за правда и еднаквост меѓу луѓето, за мир и одржлива иднина.

Нека 2020 година биде во знакот на солидарноста со сите бранители на човековите права во светот!

Нека ни е со среќа!

Среќна Нова Година, среќна нова деценија!

Next Post

Поранешниот возач фрлил рачна бомба кон градоначалникот на Лушња

Shortcut

Најново

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

Апсењето на Кричак: Пресметка во српскиот безбедносен апарат или почеток на институционални промени?

November 1, 2026
Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk