ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Што очекувам од Новата Година?

Имаме видливи успеси во безбедноста и мирот, во градењето еднакво општество, во слободата на медиумите, транспарентноста и отчетноста, во прифаќањето на критиките на јавноста и поправањето грешки, има одговорност, оставки, разрешувања и обвинувања и за актуелни функционери, има граѓанското учество во носењето одлуки...

January 1, 2020 17:23
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

2019 ја оставивме зад нас, драги мои. За нас сите, за нашата земја, беше година на големи успеси. Влеговме во НАТО, се раздвижи економијата, значајно се покачија минималната плата, просечната плата, платите во образование, здравство, пензиите, социјалната помош.

Имаме видливи успеси во безбедноста и мирот, во градењето еднакво општество, во слободата на медиумите, транспарентноста и отчетноста, во прифаќањето на критиките на јавноста и поправањето грешки, има одговорност, оставки, разрешувања и обвинувања и за актуелни функционери, има граѓанското учество во носењето одлуки…

Но, 2019 беше и година на соочување со реалноста, на големи разочарувања, проблеми и предизвици, кои остануваат пред нас и во иднина. Сите истражувања посочуваат – граѓаните најмногу ги загрижува тоа дека нема правда.

Освен тоа, сè уште има луѓе што злоупотребуваат институции за лични цели, клиентелизмот и корупцијата инсталирани со години претходно – тешко се искоренуваат. Имаме сериозни проблеми со загадувањето, со образованието, здравството, партизираните институции, во делови од земјата има недостаток на елементарна инфраструктура…

Згора на тоа, се соочуваме со сериозна деградација на јавната комуникација и медиумскиот простор, не престанува експанзијата на дезинформации, говор на омраза, оркестрирана пропаганда… Имаме голема поларизација и поделби во општеството, одлив на способните, младите, не само поради прилично скромниот стандард, кој расте, но е далеку од оној европскиот, кон кој стремиме…

Со ваква траекторија на суштински успеси, но и сериозни, структурни пречки на нашиот пат кон подобра иднина, каква година може да очекуваме? Што и да ви кажуваат, за вакви или онакви фактори што можат да влијаат на тоа како ќе ни минуваат месеците, а и годините потоа, ќе биде само нагаѓање, драги мои.

Едноставно е – судбината на годинава, а и на оние по неа, ќе ја одредиме самите ние. Да, драги мои – сите ние, граѓанките и граѓаните, носители на суверенитетот, стопаните на земјата и државата.  Од нашите одлуки и избори, од нашето однесување, ангажирање, дејствување, ќе зависи каква година и иднина ќе имаме. Или, накусо речено, во оваа изборна година: Што ќе избереме, тоа ќе добиеме.

Во ова мое прво писание за новата 2020 година, би сакал да ве известам, драги мои, дека вчера заврши мојот ангажман за Владата на Република Северна Македонија. Чест беше да ви се служи вам, на моите сограѓани од сите припадности. Се обидов лично да бидам пример (пред сè за себе) на човек кој државната работа ја сфаќа крајно сериозно и ги извршува максимално посветено работните обврски, за кои го плаќаат граѓаните.

Иако не сум функционер и немам обврска за анкетен лист, колку за илустрација, би сакал да ве известам дека мојата животна заштеда овој 2 и пол годишен период е преполовена, а имотната состојба непроменета. Гледајќи во каков очај живеат луѓе околу мене, тоа не го сметав воопшто за жртва иако му одрекувам на семејството извесни комоции, па избрав да работам за двојно помали примања отколку 25 години претходно во животот, за да се обидам да вградам дел од себе во таа заедничка, подобра, иднина.

Видов дека не сум сам, дека има многу луѓе како мене, кои го прифатија предизвикот и личната жртва после девастацијата што ја донесе груевизмот. Ми беше голема чест да бидам дел од таква екипа. За тоа колку успеав во исполнување на работните задачи има мерливи показатели, а за тоа колку успеав да ги задоволам вашите очекувања, оставам на вашиот суд.

А, бидејќи верувам дека оваа година и тие по неа токму ние лично сме кројачите на сопствената судбина, лично јас останувам максимално посветен на оваа борба за подобро утре, која ја започнавме заеднички пред неколку години и која, и покрај сите препреки и разочарувања, сепак носи големи, суштински успеси и поместувања за сите нас.

Поминавме голем дел од патот, ни останува уште малку. Верувам и знам дека меѓу моите сограѓанки и сограѓани има огромно мнозинство на умни и разумни луѓе, кои го сфаќаат моментот и предизвиците. Немам дилеми дека заедно ќе ги направиме вистинските избори, акции, дејствија, дека ќе имаме уште една добра година и дека ќе зачекориме уште похрабро и поодлучно кон нашите заеднички успеси!


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Спасовски цврсто на ставот дека мора да се почитува Уставот, очекува нов предлог за МВР од опозицијата

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk