Прекрасен концерт на балканската ѕвезда Дино Мерлин во новогодишната ноќ.
Скопјани, а и сите други кои се одлучија Новата година да ја дочекаат на плоштадот „Македонија“ во Скопје, се забавуваа со безвременските хитови на Мерлин.
Според некои проценки, на плоштадот во Скопје имало околу 50.000 граѓани.
Претходно, публиката ја забавуваа групите „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“.
Love you Скопје мое …
Со овие зборови скопскиот градоначалник Петре Шилегов, преку својот фејсбук профил, го изрази задоволството од спектакуларниот концерт на мега ѕвездата Дино Мерлин во главниот град на земјава.
Со овој концерт завршува и „Винтерленд“, или зимскиот град кој втора година по ред се организира на скопскиот плоштад.
За новогодишната еуфорија придонесе и големиот огномет.










































































































