ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ФИТР со 99 отсто реализација на предвидените средства за поддршка на домашната економија

Кон домашните компании исплатени се 633,6 милиони денари финансиска поддршка за реализација на инвестициски проекти, а средствата се обезбедени од Буџетот на Владата и од Светската банка.

January 2, 2020 14:36
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) соопшти дека 2019 година ја заокружува со рекордна реализација од 99,97 отсто на предвидениот буџет наменет за финансирање на домашните компании и останатите корисници на средства од инструментите на Фондот. Кон домашните компании исплатени се 633,6 милиони денари финансиска поддршка за реализација на инвестициски проекти, а средствата се обезбедени од Буџетот на Владата и од Светската банка.

– Со овие средства, како и сопствените пари што компаниите ги уплаќаат на наменски сметки, вкупниот обем на реализарани средства преку проектите на ФИТР за 2019 година надминува 1 милијарда денари, велат од ФИТР.

Дополнително, исплатени се над 12,6 милиони денари за проекти во делот на образованието, заштитата на животната средина и примената на иновациите во јавниот сектор.

Од Фондот информираат дека во целост е реализирана предвидената програма за нови јавни повици и обезбедување на поддршка за инвестициски проекти во економијата. Така, 100 проценти се искористени предвидените 12,5 милиони евра за комерцијализација на иновации, а во тек се јавните повици за поддршка на технолошкиот развој и стартап компании, за што средства се обезбедени со ребалансот на Буџетот за 2019г.

Заклучно со декември, склучени се или во фаза на склучување се договори за кофинансирање на 320 компании и 54 основни и средни училишта. Вкупниот обем на инвестиции кај домашните компании е во вредност од околу 57 милиони евра, од кои 22 милиона евра се учество на самите компании. На овие проекти има директно ангажирани 769 лица, од кои 360 се новоотворени работни места, со просечна плата од 700 евра.

– Првичните анализи на работењето на дел од компаниите чија реализација на проектите е во понапредна фаза, покажуваат дека по поддршката од Фондот приходите им пораснале за 50 отсто, а нето добивката пораснала за 64 отсто. Зголемен е и бројот на вработени за 27 отсто, а забележан е и пораст од 40 отсто кај просечната месечна плата исплатена во овие компании, велат од ФИТР.

Во годината што измина, Фондот воведе и повеќе новини со цел да се поедностави постапката за аплицирање. Воведена е и таканаречената „fast track“ што значи дека компаниите кои ги поминале фазите на административна проверка и претселекција и добиле соодветни забелешки и препораки од Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот во последна фаза, ќе може да достават подобрен проект на следен јавен повик користејќи ја скратената процедура. Ова право се однесува за сите јавни повици на Фондот објавени во период од 12 месеци од добиеното известување на компанијата од Комитетот на претходен јавен повик.

Според Фондот, со ова од досега потребните 60 – 90 денови (зависно од број на пристигнати апликации) постапката за компаниите што ре-аплицираат со ист или подобрен проект би траела двојно помалку.

– Скратената постапка веќе почна да се применува од декември со јавните повици за  „Ко-финансирани грантови за технолошки развој “ со вкупен буџет од 6.000.000 евра, и нов повик за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ со вкупен буџет од 1.500. 000 евра. Апликациите се отворени до 5 февруари за технолошки развој и до 25 февруари за стартап компании, посочуваат од ФИТР.

Фондот ја стартуваше и кампањата „Создаваме успешни приказни“ чија цел е да се презентираат кофинансираните проекти и постигнатите резултати преку личните приказни на корисниците. 

Next Post

Османи: Регионот очекува многу од хрватското претседателство со ЕУ

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk