ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Голем раст на цените на нафтата по убиството на иранскиот генерал

Цената на сировата нафта порасна за речиси три долари, на 69,16 долари за барел, што е највисока цената на нафтата од 17 септември, бидејќи пазарите се плашат дека Иран би можел да возврати со напад врз постројките на САД и неговите команданти на Блискиот исток како одмазда за убиството на својот командант.

January 3, 2020 10:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на нафтата пораснаа за повеќе од четири проценти откако високиот ирански воен командант, генералот Касем Сулејмани, беше убиен во воздушен напад на американските сили во близина на аеродромот во Багдад, што доведе до загриженост дека ескалацијата на тензиите на Блискиот исток може да доведе до застој во набавката на нафта во светот.


Цената на сировата нафта порасна за речиси три долари, на 69,16 долари за барел, што е највисока цената на нафтата од 17 септември, бидејќи пазарите се плашат дека Иран би можел да возврати со напад врз постројките на САД и неговите команданти на Блискиот исток како одмазда за убиството на својот командант.


Цената на сировата нафта „US West Texas Intermediatea“ (WTI) нарасна за 1,76 долара, односно за 2,9 отсто, на 62,94 долари за барел. Претходно таа достигна цена и од 63, 84 долари за барел, што беше највисока цена од 1 мај минатата година.

-Иран сигурно на некој начин ќе возврати на нападот- одмазда ќе има, како што се случуваше во минатото, со тоа што го нарекуваме асиметричен начин. Нема директно да се соочи со САД, но можеби повторно ќе нападне саудиски танкери, можеби повторно саудиски нафтени рафинерии, за Ал Џазира изјави Џон Тирман, извршен директор на Центарот за меѓународни студии на Институтот за технологија во Масачустетс.

Во воздушниот напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад утринава е убиен генерал-мајорот Касем Сулејман, командант на елитната Кудс единица на иранската Револуционерна гарда, како и командантот на иранската милиција, Абу Махди ал-Мухандис.

САД потврдија дека го извеле нападот, а Пентагон во соопштение наведе дека „цел на нападот била спречување на идните планови на Иран за напади“.

Во соопштението се наведува дека операцијата била изведена по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на Твитер објави фотографија од американското знаме само неколку часа по објавувањето на веста за убиството на иранскиот генерал.

-Факт е дека Иран ќе возврати и ќе ги нападне американските ресурси и постројки или ресурсите и постројките на американските сојузници во регионот, како и дека тоа ќе го стори во текот на следниот период, рече Тирман.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесети Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk