ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието ќе избира техничка влада пред изборите на 12 април

Постапката почнува со поднесување оставка на премиерот. Откако за тоа формално ќе биде известен претседателот на Собранието Талат Џафери, тој свикува седница и Парламентот ја констатира оставката. Потоа претседателот на Собранието го известува претседателот на државата Стево Пендаровски

January 3, 2020 09:32
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија се очекува денеска да ја избере преодната влада во пресрет на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април, како што претходно се договорија лидерите на политичките партии. Преодната или техничка влада треба да биде избрана до полноќ, а веќе од утре таа да ја започне својата работа, чија основна цел е организирање слободни, фер и демократски избори. Техничка влада се формира сто дена пред избори, пренесе МИА.

Постапката почнува со поднесување оставка на премиерот Зоран Заев, чин што тој го најави за 3 јануари. Откако за тоа формално ќе биде известен претседателот на Собранието Талат Џафери, тој свикува седница и Парламентот ја констатира оставката. Потоа претседателот на Собранието го известува претседателот на државата Стево Пендаровски, кој треба да му даде мандат на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој од највисоките партиски тела на СДСМ беше предлогот за технички премиер, а за кого има согласност и од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Спасовски потоа треба да ја предложи новата влада, а Парламентот да ја изгласа и тој владин состав ќе управува со земјава во периoдот до изборите и формирањеto на новата влада.

Претседателот на Собранието Џафери неодамна изјави дека имајќи предвид дека договорот за избори е постигнат меѓу најголемите партии и за составот на преодната влада, целата постапка може да се заврши за еден ден, односно на 3 јануари до полноќ.

Техничката влада треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори. Во преодната влада, опозицијата, освен министер за внатрешни работи, предлага и министер за труд и социјална политика, како и дополнителни заменик-министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство, а власта добива заменици во МВР и МТСП.

За министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев, професионалец од Агенцијta за разузнавање, откако СДСМ не го прифати предлогот Драган Ковачки, армиски полковник, да биде на оваа функција. Рашела Мизрахи ќе биде предлогот за министер за труд и социјална политика, заменик-министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојкоски и за земјоделство Цветан Трипуновски.

По предлог од СДСМ, заменик-министер за внатрешни работи ќе биде Славјанка Петровска, а за труд и социјална политика Санела Шкријејљ.

Согласно законот, техничкиот министер за внатрешни работи може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања, на пониско или повисоко место на носители на раководна позиција во МВР, а може да изврши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10 отсто од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во 2013 и 2014 година.

Мандатот на техничките министри и заменици-министри трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, по што тој им престанува по сила на закон.

Концептот техничка или пржинска влада беше воведен по кризата што настана, откако премиерот Зоран Заев, а тогаш лидер на опозицијата во 2015 година, почна со објавувањето на „бомбите“, по што следуваа предвремени избори.

Овој концепт, кој сега е и законска обврска, е дел од Пржинскиот договор кој во 2016 година го постигнаа поранешниот премиер Никола Груевски, актуелниот премиер Заев, кој тогаш беше во опозиција и претставници на другите партии со помош на меѓународната заедница.

Сега неколку години подоцна, откако Северна Македонија не доби зелено светло за почеток на преговорите на самитот на ЕУ во октомври, Заев, сега како премиер, се одлучи да замине на предвремени избори.

Техничката влада се избира со просто мнозинство. Ова ќе биде втора преодна влада пред одржување предвремени парламентарни избори. Прв премиер во преодната влада беше Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ.

Next Post

САД ги повикаа своите граѓани итно да го напуштат Ирак

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk