ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Русковска ги отфрли лажните вести на Вечер.мк, Инфомакс и другите „продуценти“, не е точно дека Боки 13 дал изјава за вмешаност на Зоран Заев во „Рекет“

Во неофицијалниот брифинг од Обвинителството за FRONTLINE.MK се вели дека обвинетиот Јовановски го споменал Зоран Заев во еден или два наврати, но никако во контекст дека знаел за рекетот и дека му дал пари. Навистина, ако е точно тоа, зошто Инфомакс и останатите не ги објавуваат исказите на Јовановски? 

January 4, 2020 21:27
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Краток век имаа лажните вести на Вечер, Инфомакс и другите „продуценти“, за тоа дека Бојан Јовановски (Боки 13), обвинет во случајот „Рекет“, дал исказ пред обвинителката Вилма Русковска, според кој Зоран Заев е вмешан во случајот. Едноставно, тоа не е точно. Рускоска ги отфрли овие лажни вести.

Во неофицијалниот брифинг од Обвинителството за FRONTLINE.MK, се вели дека обвинетиот Јовановски го споменал Зоран Заев во еден или два наврати, но никако во контекст дека знаел за рекетот и дека му дал пари. Навистина, ако е точно тоа, зошто Инфомакс и останатите не ги објавуваат исказите на Јовановски?

Во текот на денешното попладне и вечерта, порталот Вечер.мк се обиде да предизвика сензација со, како што дознавме вечерва, потполно измислени лаги и конструкции. Наводно, според Вечер, Инфомакс и сличните на нив, а кои се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, „Боки 13 се отворил до крај и раскажувал што се случило со парите прибрани од рекет, и тоа од повеќе лица а не само од Орце Камчев. Се работи за вкупно собрани околу 7 милиони евра со рекетирање бизнисмени“ – пишува Вечер.мк, а преземаат сите во таа медиумска групација. 

Кон оваа саботна треска се приклучи и новинарот Бранко Героски кој, на нему својствен начин, со драматични најави на социјалните мрежи, во 21 часот, меѓу другото, напиша:

„Ако пропеат Боки, Фросина и Катица – а првите двајца веќе најавуваат дека нема да молчат – ќе дознаеме за поврзаноста со „Рекет“ на блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, на многу важен советник на Заев од една странска земја, на познат интелектуалец и на познат новинар кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, на многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Она што го знаеме за „Рекет“ е само врвот на ледениот брег.“

Сепак, пукна балонот пред и да полета. Героски ги употреби истите наводи од Вечер.мк кои Русковска претходно веќе ги отфрли. Очигледно, се работи за недоволно координиран медиумско-пропаганден атак. Со еден потег, Русковска им ја расипа „забавата“ на продуцентите на лажни вести. Ова е еден од најсмешните обиди да се протурат лажни вести во јавноста.

Да видиме што е следно.

Џабир Дерала

Next Post

Забрана за влез на товарни возила во Грција поради очекувано невреме

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk