ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тонино Пицула ќе ја предводи Работната група за Западен Балкан во ЕП

January 9, 2020 18:02
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула е именуван за претседател на Работната група за Западен Балкан во Одборот за надворешна политика (AФET) на Европскиот парламент.

Кон крајот на минатата година Пицула беше именуван и за прв известувач за препораките на ЕП за Западен Балкан.

Работната група за Западен Балкан е формирана во Надворешно-политичкиот одбор на ЕП во 2005 година со цел да ги одразува политичките приоритети на ЕУ и да обезбеди покохерентен пристап на ЕП во регионот.

„И во овој, деветти мандат на ЕП, демократизацијата и трансформацијата на шесте земји од регионот ќе бидат во фокусот на агендата  на Одборот за надворешна политика на ЕП, а со посебен нагласок врз продолжувањето на политиката на проширување“, изјавија од кабинетот на Пицула.

Од ЕП наведуваат дека оваа Работна група е одговорна за кординацијата, воспоставување иницијативи и известување за Западен Балкан, поврзување со Советот на Европа, со официјални претставници на институциите на ЕУ, соработка со претставници и официјални лица од земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство од регионот, како и со претставници на ОН, Светската банка и други меѓународни актери.

„Претседателството со ЕУ е шанса Хрватска да ги потврди своите надворешно-политички приоритети, меѓу кои е проширувањето и стабилизацијата на нашиот соседен регион Западен Балкан“, изјави Пицула.

Тој заклучи дека европската перспектива на Западен Балкан, односно политиката на проширување на ЕУ, е силна алатка за стабилизација на регионот и кажа дека очекува пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија да бидат отворени на самитот ЕУ-Западен Балкан, што треба да се одржи на почетокот на мај во Загреб.

Next Post

Шкријељ се дружеше со децата од семејства во социјален ризик

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk