ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

МВРО-ВМРО во обид да се реинсталира и амнестира преку техничката влада

Што прави ВМРО-ДПМНЕ? „Најконструктивно“, предлага кадри во техничката влада кои сака да ги продаде како експерти и професионалци, а кои се само поранешни и сегашни шрафови во нереформираната, корумпирана и дискредитирана партиска машинерија на најбогатата партија во Европа што ја води Мицкоски, а ја диригира Груевски.

January 10, 2020 18:35
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Да потсетиме, драги мои: „Пржинската“ или техничка влада постои за да го деинсталира, а не да го реинсталира МВРО-ВМРО!

Овој формат на техничка влада, со учество на опозицијата, го добивме во Пржинскиот договор пред 4 години, затоа што Груевски и партиската клика околу него за една деценија целосно ја избришаа границата меѓу партијата и државата. Техничката влада е тука поради „заробената држава“ од извештаите на ЕУ и сите меѓународни релевантни организации, поради „МВРО-ВМРО“ „човечиња за рачиња“, Пустец, „пиштење-вриштење“, отворање вреќи со гласачки материјал и другите „убавини“ што ги слушнавме лично од Јанкуловска, Јанакиески, и другите ведети на оваа партија, кои ги криминализираа и  ги злоупотребуваа институциите до таа мера што го правеа невозможно одржувањето фер избори.

Иако многумина ѝ го сметаат за лош потег, сегашната власт прифати овој модел да важи и понатаму, за да го одоброволи ВМРО-ДПМНЕ да учествува конструктивно во значајните реформски, демократски и интегративни процеси.

Освен тоа, власта со ова покажа дека не е нејзина намера да се контролираат институциите партиски, не да направи проста смена на „Курто и Мурто“ и да не се продолжи онаму каде што Груевски застана, туку да појдеме онаму каде што треба и сакаме, да станеме земја во која, кога власта се менува, институциите остануваат силни, непартиски и независни.

А што прави ВМРО-ДПМНЕ? „Најконструктивно“, предлага кадри во техничката влада кои сака да ги продаде како експерти и професионалци, а кои се само поранешни и сегашни шрафови во нереформираната, корумпирана и дискредитирана партиска машинерија на најбогатата партија во Европа што ја води Мицкоски, а ја диригира Груевски.

Од првиот ден, наместо извршување на должностите технички министер, новите функционери на ВМРО-ДПМНЕ тргнаа жестоко во партиски смени, во уште повалкана пропаганда и оцрнување на неистомислениците, насекаде од насилниците на социјалните мрежи фрчат закани за тоа што ќе се случувало „после 12 април“. Малку требало, за да видиме што сме пропуштиле овие 2-3 години. Обид да се реинсталира МВРО-ВМРО, најбезобразно, како никогаш ништо да не се случило, без ронка покајание и срам за децениското уништување на земјата и на животите на илјадници граѓани и семејства.

И уште нешто да потсети Младиќот, драги мои. Пред некое време, ви најавив дека разликата меѓу понуденото минато и иднина само ќе се избиструва. Обидот за реинсталирање на МВРО-ВМРО преку техничката влада кој е во полн ек, е само едно убаво и прилично големо разбистрување, и покрај „тивкиот третман“ што го добива од „критичката јавност“, особено од нејзиниот езоповски дел кој се бави со раскажување ексклузивни басни од пештерата на мечката. А дали ќе добиеме враќање на МВРО-ВМРО или шанса за подобра иднина, ќе си кажат граѓаните со нивниот глас – на тој фамозен 12 април.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Next Post

Чулев забранил да се врачуваат решенија со потпис на Спасовски, Петровска му се спротивставила

Најново

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

Во Хрватска ќе се гради дата центар за вештачка интелигенција вреден 50 милијарди евра

April 28, 2026

Тошковски: Протоколот за лица без државјанство е значаен чекор кон системско и навремено решавање на овие случаи

April 28, 2026

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски – Владата нема напредок во реформите и свесно го блокира европскиот пат

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk