ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ со осуда и барање за санкции против говорот на омразата!

ЦИВИЛ најостро го осудува чинот на Емил Јакимовски, вработен во државната администрација, од позиција на партиски активист, упатува пораки преполни со навреди, закани и говор на омраза против новинарката Мери Јордановска и против градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев

January 11, 2020 15:52
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ најостро го осудува чинот на Емил Јакимовски, вработен во државната администрација, од позиција на партиски активист, упатува пораки преполни со навреди, закани и говор на омраза против новинарката Мери Јордановска и против градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Ова не е изолиран случај! Само пред неколку дена, за време на Божиќните празници, посведочивме на бран на говор на омраза и лажни вести.

Затоа, ЦИВИЛ го повторува повикот до политичките партии чии членови дивеат по медиумите и социјалните мрежи, упатуваат жестоки закани и говор на омраза и повикуваат на насилство, јавно да се оградат од нив и да им дадат наредба на своите милитанти да престанат со ова однесување.

Како и на 8 јануари 2020 година, ЦИВИЛ го повторува барањето од релевантните институции да бидат поенергични и поактивни во следењето и законското санкционирање на црната пропаганда, лажните вести и говорот на омразата. ЦИВИЛ бара од институциите да ги заштитат и авторките и авторите на анализи, колумни, информативни прилози и истражувања во медиумите и невладините организации. И тие имаат право на заштита!

Ја потсетуваме јавноста дека ЦИВИЛ, во текот на континуираниот мониторинг на политичките процеси и настани во Република Северна Македонија, нотира дека дел од политичките субјекти и медиумите под нивна контрола, не покажуваат ни минимум политичка култура, ниту покажуваат намера да водат фер и аргументиран политички натпревар. Напротив, се забележува тенденцијата да се искористи секоја можност, вклучително и во текот на викендите и празничните денови, да се истурат реки од омраза и лаги во јавната комуникација, со цел да се постигне политичка предност во изборен или во каков и да е друг контекст. Тоа е крајно неприфатливо и заслужува секаква осуда!

Понатаму, ЦИВИЛ ја повикува и јавноста, сите граѓанки и граѓани внимателно и критички да ги следат медиумите и гласилата на политичките партии. Секоја манипулативна содржина и изворот на таквите содржини треба решително и отворено да се отфрли, а не да се мултиплицира. Коментарите на таквите содржини се излишни, а особено говорот на омраза во одговор на таквите содржини само ја продлабочува тензијата и паѓањето на нивото.

Воедно, од организацијата уште еднаш потсетуваат дека граѓанките и граѓаните имаат можност да се вклучат во борбата против девијантните појави во јавната комуникација. На веб страницата Граѓански објектив постои посебна рубрика ПРИЈАВИ, каде што може да се пријавуваат лажни вести или говор на омраза. Во истата рубрика се поместени и пријави за корупција, како и за секаков вид кршење на човековите права и слободи.

извор: Цивил Медиа

Next Post

Славјанка Петровска, МВР: Чулев ја доведе во опасност безбедноста на државата, поднесувам кривични пријави!

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk