„Гуска“, „пропагандистичка ороспија“, „да те искреираат на некролог“.
Мал сегмент од монологот на „ничим прозваниот“ Емил Јакимовски, кој од 5 до 6 часот изутрина ми се закануваше без престан, не знаејќи ниту каде работам и цитирајќи текстови кои не сум ги напишала, известува новинарката Мери Јордановска за заканите кон неа.
Јакимовски – кадар на ВМРО-ДПМНЕ е државен службеник. Работи во Централниот регистар, а заедно со неговиот брат се сопственици на неколку портали.
За ова е веќе пријавен во МВР преку Хелсиншкиот комитет, особено затоа што за него веќе има пресуда за семејно насилство, а овие принт скринови ги објавувам со чиста совест, за партијата да го преиспита психичкото здравје на оние кои ги вработувала и на оние кои го шират јавното мислење, пишува на својот Фејсбук профил новинарката Мери Јордановска која е заменик на главен и одговорен уредник во Макфакс и А1 он.
Ј. Ѓ.