ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Димковски: ВМРО – ДПМНЕ и нивните портали сакаат да заштитат лица кои вршат криминални активности

Осврнувајќи се на случајот, покажа и документи од кои, како што нагласи, се гледа дека Министерството за земјоделство постапува согласно законите во врска со концесионерот.

January 12, 2020 16:58
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО – ДПМНЕ и нивните портали, сакајќи да обелоденат некаков скандал за вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, покажуваат дека се во одбрана и сакаат да заштитат лица кои вршат криминални активности, рече министерот за земјоделство Трајан Димковски во врска со објавената аудио снимка на порталот „Економски лидер“.

Димковски попладнево на прес-конференција потврди дека на снимката се слуша разговор меѓу неговиот советник Томе Мојсовски со друго лице чиј идентитет порталот не го открива, но, како што напомена, воопшто не станува збор за закани, туку за барање лицето да работи според законот. Лицето, рече министерот, е инспектор кој требал да го следи концесионерот на Охридското Езеро, но тоа не го правел три месеци со што овозможил низа прекршувања.

Според Димковски, инспекторот се вика Јован и е вработен во Државниот инспекторат за земјоделство, а со Томе Мојсовски, исто така вработен во Инспекторатот, се колеги со години, а од она што може да се слушне на снимката се укажавања од страна на Мојсовски. Нема никакви закани, не се бара ништо од Јован да направи што е надвор од законот.

-Вистината е следна. Се работи за разговор меѓу мојот советник Мојсовски и лице кое „Економски лидер“ не го обелоденува со име. Всушност, ова лице е директно задолжено и одговорно во име на Инспекторатот за земјоделство да го следи концесионерот на Охридското Езеро и да презема соодветни мерки за почитување и исполнување на обврските од договорот за концесија. На многуте состаноци, Езерската полиција ми предочи дека ова лице не си ја врши својата должност, дека одбегнува да соработува со Езерската полиција и дека три месеци воопшто не направило надзор на извршување на концесијата, поради што дошло до низа прекршувања. На аудио снимката јасно се слуша дека Мојсовски му посочува да постапува согласно законот и да не ги штити оние кои го кршеле законот во врска со концесијата на Охридското Езеро. Нема никаква закана, објасни министерот.

Минатиот месец, рече, до Министертвото за земјоделство стигнал допис од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ во кој се посочува дека не се преземени активности од страна на Земјоделскиот инспекторат – Охрид и Струга во однос на контролите и концесионерот за откривање и спречување криминал.

-Центарот алармирал дека токму концесионерот има вработно лица за стопански риболов кои се познати сторители на кривични дека како што се незаконски риболов и недозволена трговија со дрога. Овие лица го злоупотребиле стопанскиот риболов и со необележани пловни објекти учествувале во извршување кривични дела – криумчарење марихуана и риба преку сината граница на крајбрежјето на Охридското Езеро, рече Димковски.

Осврнувајќи се на случајот, покажа и документи од кои, како што нагласи, се гледа дека Министерството за земјоделство постапува согласно законите во врска со концесионерот.

За нерегулартностите на концесионерот, МЗШВ добило многу поплаки и од граѓаните по што соодветно реагирало до надлежните институции, барајќи од нив итни инспекциски контроли на терен.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Димковски рече дека е подготвен, ако има судски процес, да докаже дека порталот „Економски лидер“ е близок до ВМРО-ДПМНЕ.

Next Post

Одбележани 12 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk