ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Најголемите дезинформации во регионот во 2019 година

Во изминатава година, Мета.мк ја следеше ситуацијата во регионот во поглед на пласирањето дезинформации, поливични информации и лажни вести. Од низата случаи што ги презентиравме избравме шест што заслужија да се најдат во изборот на најтипичните дезинформации

January 12, 2020 10:31
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатава година, Мета.мк ја следеше ситуацијата во регионот во поглед на пласирањето дезинформации, поливични информации и лажни вести.

Од низата случаи што ги презентиравме избравме шест што заслужија да се најдат во изборот на најтипичните дезинформации.

1. Сликата со кучето за земјотресот е стара не е од Албанија

Една стара фотографија од куче што лежи на урнатини беше искористена како основа за лажна вест дека тоа е куче што лежи над мртвото тело на неговиот сопственик кој загинал во земјотресите во Албанија. Веста ја сподели дури и Демократската унија за интеграција.

2. Норвежанец од Орегон со лепра од мачор го запалил Куранот, проверено од Индонезија во БиХ

Eдна невистина стана многу вирална на социјалните мрежи откако беше објавена на портал од Босна и Херцеговина, а во себе носеше елементи на ширење религиска нетрпеливост.

Станува всушност збор за фотографија од човек во болнички кревет во тешка состојба, за која порталот „Сазнајемо“ и некои Фејсбук страници пишувале дека станува збор за Норвежанец кој е во многу тешка состојба како казна од Бог за тоа што го запалил Куранот. „Раскринкавање.ба“ внимателно истражувал и утврдил дека истата приказна се ширела и на индонезиски Фејсбук групи и некои портали, но дека тврдењето е апсолутна лага.

3. Од пцост за Рамиз, грчки медиуми направија „смрт за неверниците“

Грчкиот сервис за борба против дезинформациите во јавноста „Елиника Хоуксис“ оповргнува лажно тврдење во грчки сајт, кој графит напишан со арапско писмо на ѕид на улица во Солун го прогласил за повик за „смрт за неверниците“. Но потрагата по вистината на „Елиника хоуксис“ утврдил дека станувало збор за пцост насочена кон едно лице (Рамиз).

4. Грчки сајт најде 200.000 хомосексуалци во земјава

Грчкиот сајт „Валканико Перископо“,  два дена по одржување на првата Парада на гордоста во Скопје, објави вест, повикувајќи се на македонски сајт во кој тврди дека дури 200.000 лица во Македонија се хомосексуалци.

Обидувајќи се да провериме која е таа анкета на која се повикуваат медиумите во последниве два дена најдовме неколку на агрегаторот „Дејли“, каде се цитирани делови од содржините од повеќе вести од 24 ноември 2010 година од кои се дознава дека анкетата ја спровела граѓанската организација „Хоризонт“, дека се спровела на интернет и дека учествувале 12.000 испитаници.

5. Неинтелигентно и дискриминаторски: Како се мери IQ на некој народ?

Српскиот портал „Курир“ објави вест под наслов „Ова истражување на Македоците нема да им се допадне – имаат најнизок коефициент на интелигенција во регионот“, според која граѓаните на Македонија имаат просечен IQ од 82 и дека се на исто ниво со Албанците од Албанија, а на пониско од Србите кои имале 90, од Словенците кои имале 99 и од БиХ, каде народот бил со просечен 89 IQ.

Но недостасуваат елементи на веродостојност на изворот на веста. Имено, книга со наслов „Интелигенција на народите“ постои на интернет и нејзини автори се двајца универзитетски истражувачи од различни институти (Lynn, Richard & Becker, David. (2019). The Intelligence of Nations.). Но, можат да се најдат и многу други слични наслови. Самата книга не е достапна без плаќање, туку се достапни само цитати или кратката содржина за тоа како е мерена интелигенцијата на 128 нации во светот, а ниту „Лидер“, ниту „Курир“ објавиле линк до книгата, референци за неа или некој друг податок.

6. Од „немирите во Скопје“ до џамијата во Охрид има 175 километри и 100 светлосни години

Со формулацијата „Немири во Скопје: Македонците прават нереди поради доаѓањето на турскиот претседател Ердоган“ српскиот портал „Дневно.рс“ пласираше крајно неумесен обид за да се привлечат што е можно повеќе читатели со бомбастичен наслов.

И додека пренесената агенциска вест едноставно ги изнесува фактите, без какви било драматизирања, наведувајќи само дека имало бурни реакции меѓу граѓаните на Охрид за реконструкцијата на џамијата од 15. век, како и реагирања од здружението „Совест“ за изградба на 25-метарското минаре во централното градско јадро. На сето тоа, надвор од новинарските стандарди и основната логика, „Дневно.рс“ кова наслов кој, во лов за повеќе кликови, изнесува целосни дезинформации и поттикнува меѓуверска и меѓунационална омраза.

извор: МЕТА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk