Почитувани уредници и медиуми, престанете да пренесувате ФБ статуси на Груевски од Будимпешта како релевантни ставови.
Ако тој навистина има аргументи кои ви ги подвалува преку постови, нека допатува во Скопје и нека се соочи со правдата, без да мудрува.
Во ваква ситуација вие му објавувате само тоа што тој посакува, без можност да му поставите прашања и таа тактика му успева се додека мислите дека со цитат од Груевски вестите ви се посодржајни. Ама се лажете.
Исто како Мицковски кога на 31 декември ви подвали апла предизборен спот како новогодишна порака и му ја објавивте без да размислите, истиот спот кој потоа, од 1 јануари се емитуваше како платена политичка програма.
пишува новинарот Љубиша Арсиќ, на својот Фејсбук профил