Фијат Цаноси, инвеститорот на комплексот „Космос“, чие рушење е предмет на судење во случајот ТНТ, рече дека не е убеден дека поротничката самоволно си дала оставка, со што ќе дојде до промена во судечкиот совет, а со тоа предметот ќе се врати на повторно судење, пренесува 360 степени.
„Се сомневам дека поротничката самоволно дала оставка, туку сметам дека е поткупена од мафијата која владее во Македонија или поради некои закани. Јас, сепак, верувам во правосудниот систем и верувам дека овој процес многу бргу ќе се заврши иако почнува од почеток“, рече Цаноски.
Бизнисменот смета дека одбраната во ТНТ настојува да го одолговлекува судењето затоа што се надева дека со „сваровски-судското“ ќе се спаси.
„Одбраната настојува да ги пролонгира сите овие судења, очекуваат дека ќе победат на изборите и повторно ќе завладее ‘сваровски-судството’, па така ќе се спасат од криминалите што ги направиле. Верувам дека судот ќе си ја сработи работата со почетокот на повторното судење и дека може многу бргу да се заврши“, рече Цаноски.
Целиот текст на 360 степени.