Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадор Клеменс Која, на денешната средба во МВР договориле континуирана комуникација и интензивирање на меѓусебната соработка, со цел успешна имплементација на активностите поврзани со претстојните парламентарни избори, пренесе МИА.
На средбата, како што соопшти МВР, амбасадорот Која бил информиран со заложбите на Министерството за внатрешни работи за организирањето фер и демократски избори и активностите на полицијата во таа насока.
Министерот Чулев побарал поддршка од Мисијата на ОБСЕ особено за одржувањето обуки за новите полициски службеници кои првпат во својата служба ќе се соочат со работни задачи поврзани со изборниот процес.