Човек колку и да се труди не може имун да остане на злобава и простотилоков што се шири во врска со номинациите за Оскар и успехот на „Медена земја“. Ваква неинформираност мислам дека не е забележана досега. Од лани овој период некаде кога „Медена земја“ победи на „Санденс“ (фестивал за независен филм, меѓу неговите основачи и Роберт Редфорд), до ден-денеска се утепавме од пишување секакви детали во врска со филмот. Добија околу 40 награди (веројатно и повеќе) на секакви фестивали низ цел свет. На „Санденс“ добија три награди што дотогаш на ниту еден филм му нема успеано. Екипава се утепа од интервјуа давање по домашни и странски медиуми и на крај од некој фејсбук-профил со име, на пример, „Ванчо Едикојси Македонец“ пишува „Ее, па можеле Македонка да најдат да ги чува пчелите, а не Атиџе“. Или „малку македонски актери има, морало Турци да најдете на турски да зборуваат??“, пишува новинарката Ивана Настеска која со години следи култура, на својот Фејсбук профил, револтирана од ракциите на „поединци“ кои го критикуваа документарниот филм „Медена земја“ од икс смешни причини.
„Не ми се верува дека по една година од премиерата на досега најуспешниот македонски филм вие немате поим дека се работи за документарен филм. Па, досаден ви бил, па ви сметала темата и сиромаштијата во филмот. Добро, еве чекаме да снимите вие ултрамодерен филм и покажете им како се прави филм на номинираниве за Оскар. Почнувам да се чувствувам немоќна и целосно поразена пред вакви „брилијатни филмски критички осврти“, пишува Настеска во продолжение.
Ширите пропаганда и на хуманиот дел од филмот, а уште на првата прес-конференција по враќањето од САД на филмската екипа соопштија дека и помогнале на Атиџе и дека живее во друго село во пристојна куќа. Покренаа глобално донирање на пари за децата од другото семејство кое се појавува во филмот. Цел свет го разбра ова, вие уште поим немате. Неверојатно. Оскар за вас, додава Настеска.
Во периодов што следува до 9 февруари, ќе си дозволам да си подзачистам во дворов на Фејсбуков и во меѓувреме да се порадувам и да читам и гледам забавни детали:
Кој/а дизајнер/ка ќе ја облече Тамара на црвен тепих?
Дали Атиџе ќе се појави во традиционална облека и ќе им „залепи“ шамар на сите диори, версачиња итн
Ќе седи ли Пенелопе Круз до Атиџе, бидејќи се номинирани во иста категорија?!
Ќе седи ли Педро Алмодовар до Тамара и Љубо?
Кој од светските фаци ќе ги најави номинираните во категорија за најдобри документарци?
Кој од светските фаци ќе ги најави номинираните во категорија за најдобар странски филм?