Претседателот на Собранието, Талат Џафери, апелира претставниците на политичките партии да го почитуваат повикот на преставниците на ЕУ и да изнајдат решение за законот за јавно обвинителство.
Тој рече дека Собранието може во секој момент да го донесе законот за јавно обвинителство, доколку партиите ги надминат разликите претходно.
„Ако пораката на францускиот амбасадор Тимоние е дека законот за јавно обвинителство е многу важен за добивање на датум за преговори, тогаш политичките партии треба да ги надминат барикадите и да се договорат. Од аспект на процедурите на Собранието, има доволно време и Собранието може да работи во секое време ако има потреба, но треба да има резултат од оваа работа. Оттука, политичките партии треба да седнат и да се договорат”, изјави Џафери.
А. Зеќири