ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Предоцна е за извинување и каење

ВМРО-ДПМНЕ не може да постои ако не е на власт. Во нивниот код е да владеат по секоја цена, инаку ќе се распаднат. Владеењето за нив е богатење без мерка, злоупотреба на власта за уживање во садистичките пориви и лечењето на личните фрустрации и комплекси. Нема идеја, нема концепт, нема став или стратегија, туку само крвожедност и болна потреба од голо, авторитарно, садистичко владеење и експлоатирање.

January 16, 2020 15:20
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Никој во оваа земја не е наивен. Барем не до толку колку што некои политичари би сакале.

Не се работи за тоа дека Мицкоски и неговата тајфа, секако, со Груевски на чело, сакаат да донесат промени, тие сакаат да ги поништат сите промени. Логиката боде очи. Нејасно е како може толку тврдоглаво да се инсистира да се добие власта по секоја цена, да се повикува на промени, а зад тоа да стои повеќе од очигледната намера да се воспостави владеење со терор и криминал.

ВМРО-ДПМНЕ не може да постои ако не е на власт. Во нивниот код е да владеат по секоја цена, инаку ќе се распаднат. Владеењето за нив е богатење без мерка, злоупотреба на власта за уживање во садистичките пориви и лечењето на личните фрустрации и комплекси. Нема идеја, нема концепт, нема став или стратегија, туку само крвожедност и болна потреба од голо, авторитарно, садистичко владеење и експлоатирање.

Не може никако поинаку да се доживее оваа партија, кога нивните членови, активисти, но и партиски функционери и пратеници водат кампања против своите сограѓанки и сограѓани, нарекувајќи ги „северџани“ и „предавници“, во која цели заедници се прогласуваат за непожелни и „гости“, се бара да се „исели еден Шиптар“, кога водат очигледна кампања со екстремна омраза на верска, етничка и политичка основа. Потписот на тие изрази на омраза е на лидерите на таа партија. И оние испрдоци како што е самонаречената левичарска, а фашистичка во суштина, партиичка составена од еден лаком манијак, се дел од одговорноста на овој политички монструм што го создаде кликата на мафијашката Фамилија. Ни со таа ситна боранија нема што да се занимаваме. Наивно е да се расфрламе на сите страни во жаришта кои самите ги создаваат во својата специјална војна против сопствената држава.

Нема поинакво толкување за „концепцијата“ на оваа партија што изведува крвави напади на институции како Собранието, а потоа влегува во грчевита јавна, политичка и правна одбрана на таа постапка. Нема како поинаку да се протолкува однесувањето на една партија што, не само што не покажува ни трошка одговорност за ужасните злодела, туку е убедена дека така треба. И сите околу себе ги убедува дека така треба!

Истовремено, тоа е партија чии функционери се буквално незамисливо богати. Истите тие имаат најмалку уште еден пасош на друга држава во џебот, најчесто бугарски, истовремено напаѓајќи го договорот за добрососедство со Бугарија. Имаат имоти во Грција, истовремено барајќи да се повлече Преспанскиот договор, благодарение на кој станавме членка на НАТО и се приближивме до ЕУ повеќе од кога и да е порано. Блокираат закони и процеси за реформи на правосудството, закони со кои на луѓето им се покачуваат платите, социјалната помош, надоместоци за стечајците, закони со кои се поништуваат крајно неправедните постапки за лустрација што ја претворија во оружје за пресметка со политичките противници… долга е листата.

Нема зошто да влегуваме во комуникација и онлајн расправа со нивните милитанти кои истураат гнасотии, вулгарности и омраза секој ден и секој час во денот, во ситуација кога и деца се опфатени во таа и таквата јавна комуникација. Нема зошто да се расправаме со тие што се платени со трошки од буџетот кој сите ние „предавниците“ го полниме, за тие, со нашите пари, да повикуваат на наше иселување и егзекуција.

Нема зошто да се препираме со деца и млади чии души се испоганети во образовен систем што го изгазија и контаминираа до крајни граници. Немаме ние ништо ни со нивните родители чиј ум е сомелен со агитпроп куртонеријата на Груевски, диктаторот во удобните унгарски азилантски папучи, кој комотно ги троши нашите (значи, нашите!) пари. Нема што да им се одговара на гнасотиите од тоа што тие го нарекуваат медиуми и новинарите што ги претворија во држачи за микрофони.

Одговорноста е нивна, на тие што ја водат оваа партија, на бандитското гнездо што е залудено од жед за крв и пари. Со нив си имаме работа.

Со крајна индигнација треба да се отфрлат сите тие провидни обиди да се етикетираат како „леви“ или „пристрасни“ оние што соопштуваат објективни ставови и наоди. Нема ништо пристрасно во констатацијата дека тие се деструктивни криминалци. Тоа се факти! Левичарската, зелената или било која политичка ориентација се дел од основните човекови права, но оваа и ваквите реакции се општочовечки, цивилизациски. Јасно е дека дури и најпростите и најизманипулираните не се толку наивни да не знаат за што се работи.

Го кршат Уставот и законите, ги кршат сите морални, човечки и цивилизациски вредности, злоупотребуваат наши заеднички пари! Нема начин да се избега од тоа. Предоцна е и за извинување и каење. Премногу потонаа во сопствениот отров. И да престанат сега, нема зошто да им простиме, бидејќи треба да им простиме што постојат. Одговорност и целосно соочување со полната сила на законот и на јавноста – само тоа е прифатливо. Во меѓувреме, ќе пливаме во мочуриштето кое го создадоа и секојдневно го полнат со валканици и заразни болести.

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сабаленка и Американката Коко Гоф во финалето на Ролан Гарос

June 7, 2025

Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

June 7, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп доби судска дозвола да го ограничи пристапот на новинарите на Асошиејтед Прес во Белата куќа

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk