Стрипот насловен „Скопје за почетници, добро упатени и понављачи”, кој излезе како додаток на новогодишниот број на весникот „Слободен печат“ е дело на ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ.
Со остар графички стил на Џоле кој одлично одговара за карактерот на заборавениот град кој сака да го прикаже и неговите текстуални вињети дополнети од Иван Шопов, Жарко Букинац и Оливера Ќорвезировска, авторот се претставува како внимателен и прониклив набљудувач на градот, пишуваат за стрипот Арно.мк.
Воедно и со суптилна и хумористично-игрива доза критика кон новиот, глобалистички и безличен град, непрепознатлив на „добро упатените“, а можеби восхитувачки за „почетниците“, авторот сепак не навлегува премногу во стапицата на споредба, туку го задржува фокусот кон оној град на колективната меморија на граѓаните на Скопје.
Стрипот има 24 страници и може да го видите тука.
Гостувањето на Ѓорѓе Јовановиќ на „Утрински Брифинг“, каде зборува за стрипот, концептот и дали ќе има продолжение, погледнете го во видео прилогот:
Ј. Ѓ.